Состанокот кој утре требаше да се случи во Виена на иницијатива на Европската унија, а на кој беше планирано да се сретнат лидерите на четирите најголеми македонски политички партии е откажан.
Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и ДУИ требаше да седнат на заедничка маса на иницијатива на тројцата европратеници Ричарт Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел, а ќе присуствуваше и еврокомесарот Јоханес Хан.
Никола Груевски и Али Ахмети уште завчера го потврдија присуството, а лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека ќе оди на средбата само ако предходно се повлече одлуката за аболиција и ако се одложат изборите, закажани на 5 јуни. Овие два услови не се исполнија.