Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворена стечајна постапка за ФЕНИ

28
By Нова ТВ on October 31, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 31, 2017 13:35

Основниот суд Велес денеска отвори претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка за Фени индустри од Кавадарци. За времен стечаен управник е назначен Мирослав Атанасиевски од Гостивар, а првото рочиште е закажано за 13 ноември во Основен суд Велес.

Барањето за отворање стечајна постапка за Фени вчера го поднесоа Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка АД Скопје како најголеми доверители на „Фени индустри“ Кавадарци.

Целта на поднесувањето на стечајната постапка, информираат од банките, е во најкраток можен рок со продолжување на активностите на Фени индустри да се изврши реорганизација. Тие предлагаат да се изнајде сериозен инвеститор кој ќе може да ги преземе и сервисира обврските на Фени индустри кон вработените, банките и другите доверители и со дополнително инвестирање да овозможи натамошно работење на комбинатот.

Сегашниот сопственик на Фени индустри Кунико, има неисполнети обврска од 40 милиони евра кон трите банки, како и дополнителни 20 милиони евра кон останати доверители.

Ѓоре Палитов, претседател на Синдикалната организација во „Фени индустри” синоќа изјави дека банките поставуваат нереални барања за гаранции до бугарскиот инвеститор, истакнувајќи дека се против стечај.

Тој рече дека заедно со транспортерите имале состанок со вицепремиерот Кочо Анѓушев и се договориле во наредните денови да му дадат можност на бугарскиот инвеститор „Енекод” да ја дефинира понудата спрема банките и останатите доверители.

Како што објави НОВА, Комерцијална банка, Силк роуд (поранешна Алфа банка) и А.Д. Стопанска банка како банки најголеми доверители на ФЕНИ Индустри Кавадарци, вчера дале предлог до надлежниот суд за отворање на стечајна постапка „во најкраток можен рок, со продолжување на активностите на ФЕНИ индустри, за да се изврши реорганизација и да се изнајде сериозен инвеститор кој што ќе може да ги преземе и сервисира обврските на ФЕНИ индустри кон вработените, банките и другите доверители“. Ова беше кажано на денешниот брифинг во Владата помеѓу банките и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Генералниот директор на Комерцијална банка, Хари Костов, информираше дека долговите на ФЕНИ кон банките кредитори изнесуваат 40 милиони евра, додека 20 милиони евра компанијата им должи на други доверители како локалните транспортери, добавувачи итн.

Костов истакна дека во нивен интерес не е затворање на ФЕНИ, туку отворањето на стечај ќе значи ангажман за итно наоѓање на инвеститор кој што ќе може да ја продолжи работата на компанијата и да ги исплати долговите кон доверителите.

На 20 октомври претседателот на Синдикатот за индустрија, рударство и енергетика Пеце Ристевски соопшти дека фабриката ја презема бугарската компанија Енекод и дека нема да оди во стечај, а сите работници ќе останат со статусот што го имаа. На состанокот присуствувал и вицепремиерот Анѓушев.

 

 

Енекод Комерцијална банка АД Скопје Синдикат стечај Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка АД Скопје Фени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.