Словенија внимателно ја следи и ја одобрува добрососедската и регионалната политика на Република Македонија како еден од условите за членството во ЕУ и НАТО и останува нејзин силен поддржувач во овие процеси, рече претседателот на Република Словенија Борут Пахор на денешната средба со премиерот Зоран Заев.
Како што информира македонската владина прес-служба, Пахор искрено се надева дека многу брзо Македонија ќе биде следната членка на НАТО и дека со ЕУ наскоро ќе биде постигнат договор за старт на пристапните преговори.
Премиерот Заев истакна дека владината коалиција во Република Македонија по локалните избори, чии резултати ја потврдија поддршката за актуелните политики, сега има обврска коку што е можно побргу и посолидно да ги продолжи почнатите реформски процеси.
И во однос на евроатлантските аспирации информира дека се работи и се подготвуваат услови за политички консензус.