Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Панчев со честитки до Пикси и фудбалерите: Ова е некоја нова Србија, момците гинат еден за друг

0
By Sashko on November 15, 2021 СПОРТ
Фото: youtube/printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прославениот македонски и југословенски фудбалер Дарко Панчев со свој коментар за српските медиуми по победата на Србија над Португалија во квалификациите за СП 2022, но и за пласманот на македонската репрезентација во мундијалскиот бараж.

Вчерашниот ден беше за уживање во екс-ју фудбалот. Се почна со Хрватска која имаше тежок натпревар против Русија на „Пољуд“, но успеа да слави и обезбеди место на Светското првенство во Катар. Потоа се надоврза Македонија која го постигна најголемиот успех што се однесува до квалификациите и пласманите во бараж, а шлаг на тортата беше Србија, истакна Панчев.

Поранешниот соиграч на српскиот селектор, Драган Стојковиќ-Пикси во утринската програма на Курир ТВ изјави дека успехот на Србија не е случаен за сите оние кои ги следат популарните „орли“.

Да се победи Португалија, една од најдобрите репрезентации во последните десетина година, и тоа на нејзин терен е секако голем успех. Тоа е за поздравување, рече македонската „кобра“.

Анализирајќи ја играта на српскјиот тим, Панчев нагласи дека Кристијано Роналдо не се видел на терен и дека одбраната завршила добра работа, со исклучок на втората минута и малиот кикс што беше направен.

Според мене, судијата не направи ништо намерно. По тој момент, одлично го судеше натпреварот. Беше коректен, не подлегна на атмосферата и сметам дека Србија одигра фантастичен меч. Конечно да ја видиме во вистинско светло, бидејќи навистна заслужува да се најде таму каде што ќе оди, смета Панчев.

Тој констатира дека српската репрезентација не е налик онаа од минатите години во кои, како што вели, „се мачеше и играше без живот“. За сето тоа, смета Панчев, дека придонело и доаѓањето на Пикси и стручниот штаб во тимот.

Ова е некоја нова Србија, со фантастична атмосфера. Се гледа дека играчите гинат еден за друг. Сето тоа се враќа, и оној гол на Митровиќ во последната минута. Митар растура, не престанува да дава голови и нека продолжи така, порача Панчев за српски Курир ТВ.

Панчев притоа не заборави да истакне пофалби на сметка на Стојковиќ.

„Пикси беше еден од најголемите фудбалери во Европа. Неговото знаење и енергија се пренесува и на играчите и тоа се гледа. Досега се нервиравме, гледавме фудбалери без шанси, желба и енергија, сега тоа е друга приказна. Да се победи Португалија на нејзин терен не е мала работа и, секако, претставува голем подвиг. Србија покажа дека има квалитет, големи играчи, заклучи Панчев и додаде дека не стигнал да се слушне со Пикси, па приликата на Курир ТВ ја искористи за јавно да му честита за големиот успех со репрезентацијата и да му посака среќа на СП 2022 во Катар.

Дарко Панчев Драган Стојковиќ Пикси квалификации СП 2022 спорт Србија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.