Горан Пандев синоќа се прости од настапите за фудбалската репрезентација на Македонија. Тој им посака успех на своите досегашни соиграчи во идните квалификациски циклуси.
– Чест и гордост беше за мене да го носам македонскиот дрес во изминатите 20 години. Обезбедивме пласман на Европско првенство и вечно ќе се сеќавам на овој успех со репрезентацијата. Срцето ми е полно. Нема поубаво чувство да играш на големо натпреварување во светиот дрес. Одлуката за крај со репрезентативните настапи е конечна. Не можам да играм, а да не го дадам максимумот. Чувствувам дека играњето на два фронта на 38 години за мене е невозможно. Во иднина ќе навивам за овие момци и убеден сум дека имаат квалитет да се пласираат на светското првенство, изјави Пандев.
Најдобриот играч во историјата на македонскиот фудбал забележа 122 настапа за националниот тим што ги круниса со 38 погодоци.