Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пандев: Против Украина на сè или ништо, повеќе нема што да загубиме

0
By Sashko on June 13, 2021 ВЕСТИ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски

Отворено и на победа против Украина, оти Македонија повеќе нема што да загуби по денешниот пораз од Австрија во групата Ц на 16. Европско фудбалско првенство. Капитенот ќе остане забележен како стрелец на првиот гол за националниот тим на континенталните смотри, но жали и за себе, соиграчите, стручниот штаб и навивачите, што премиерата не заврши макар со реми.

– За жал, загубивме од Австрија, но шансите не се загубени. Сега прво да одмориме, а потоа нè чекаат подготовки за дуелот со Украина во четврток. Ќе биде тешко, секако, меѓутоа во него можеме само да добиеме. Ќе играме отворено и на победа, бидејќи немаме што да загубиме, рече капитенот Пандев на прес-конференцијата по натпреварот со Австријците.

Македонските фудбалери согореа во желбата за позитивна промоција на континенталниот турнир. Одиграа помалку во грч со ривал против кој може да се игра и надигрува, па конечниот епилог дојде како логична последица на настаните на терен.

–  Ова е наш прв настап на Европските првенства и може да кажам дека имавме добри 80 минути. Австријците се покажаа како физички подобри од нас и имаат подолга клупа. Ги издржавме првите 15-20 минути, имавме неколку контри што требаше подобро да ги искористиме, меѓутоа таков е фудбалот. Несреќно го примивме оној втор гол што, мислам, го реши победникот, додаде Пандев.

Македонија во четврток од 15 часот ќе игра против Украина, чија репрезентација вечерва се соочува со Холандија во Амстердам.

Горан Пандев ЕП 2020 Македонија репрезентација спорт фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.