Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пандев сублимира по Ерменија: Резултатот се памети, играта се заборава

0
By Нова ТВ on September 9, 2018 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 9, 2018 23:40

Македонија одигра еден од оние мечеви со сублимат „резултат за паметење, игра за заборав“. Совладана е Ерменија во Скопје со 2:0 во второто коло од четвртата група во Д Лигата на нации на УЕФА за осамнување на лидерската позиција на табелата. Езџан Алиоски во 14. минута од пенал и Горан Пандев во 59. минута беа стрелци за новата, втора, победа без примен гол на „црвено-жолтите“ во пионерскиот проект на УЕФА што тргна пред неколку дена, а води до Европското првенство во 2020 година.

„Одиме меч по меч и ќе се излажеме ако помислиме дека работата е завршена. Пред нас се уште четири натпревари. Ништо не е готово засега. Ќе биде готово по реваншот со Гибралтар“, изјави селекторот Игор Ангеловски по мечот за елиминирање на секаква можност за некаква еуфорија што би можела да биде контрапродуктивна во преостанатите 360 минути од групната фаза.

За него е најважно што договорот како да се одигра се преточи на дело во форма на триумф и три бода. Оттука и изразеното задоволство по првата од двете дерби средби во конкуренцијата четири што значи продолжување на низата без пораз на девет натпревари или само еден (од Шпанија) во последните 12 изданија. Задржан е позитивниот амбиент во тимот, зголемена е самодовербата и упатена е покана до гледачите да присуствуваат во поголем број на трибините во предизвиците што следуваат.

„Натпреварувањето носи голем влог за ние да не играме на резултат. Победивме со 2:0 и тоа беше најважно вечерва што беше случај и во мечот со Гибралтар. Момците го испочитуваа договореното и го испорачаа одработеното на подготовките“, дополни Ангеловски.

Дека резултатот против Ерменците бил пред играта се согласи и Горан Пандев. Капитенот го изнуди пеналот во првото полувреме што во водство го претвори Алиоски, фудбалерот на Лидс јунајтед, а во второто и сам се впиша во листата на стрелци по асистенцијата на Александар Трајковски.

„Најважно е што освоивме три бода. Многупати досега сме одиграле добро, а на крај сме останувале со празни раце. Време беше да почнеме да победуваме и со игра што не е допадлива. Таа се заборава, резултатот се памети“, нагласи Пандев.

Лигата на нации продолжува во средината на наредниот месец два нови меча за фудбалската репрезентација на Македонија. На 13 октомври (20.45 ч.) на арената „Филип Втори“ ќе гостува Лихтенштајн, три дена подоцна (16 октомври, 18 ч.) е закажан реваншот со вечерашниот ривал во Ереван.

Лига на нации, 2 коло

Лига А

Група 1: Франција – Холандија 2:1

Лига Б

Група 1: Украина – Словачка 1:0

Група 4: Данска – Велс 2:0

Лига Ц

Група 3: Бугарија – Норвешка 1:0, Кипар – Словенија 2:1

Лига Д

Група 1: Грузија – Летонија 1:0

Група 4: Македонија – Ерменија 2:0, Лихтенштајн – Гибралтар 2:0

Горан Пандев Ерменија Игор Ангеловски Лига на нации Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.