Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пападимули: Меѓународен договор со надуставна сила е најдобро решение

0
By Нова ТВ on March 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 7, 2018 14:26

Најдобриот начин за да постигнеме решение во македонското прашање е да ја завршиме Времената спогодба од 1995 со меѓународен договор со надуставна сила, смета Димитрис Пападимули, потпретседател на Европскиот парламент и шеф на еврогрупата на Сириза.

Тој, во изјава за радиото 247, како пример го посочува Лозанскиот договор.

„Најдобриот начин е со меѓународен договор со надуставна сила, со комплетни и обезбедени меѓународни гаранции како што е Лозанскиот договор (што не може никој да го смени) и ќе треба да се обезбедат две големи национални барања. Прво, сложено име, заемно прифатливо, ерга омнес, за сите употреби, и второ, конечно напуштање на секаков вид на иредентизам. А иредентизмот да се замени со спогодба за пријателство и соработка меѓу двете земји, втемелена во стабилноста и неоспорувањето на постоечките граници, спогодба што ќе биде „заклучена“ во Меѓународен договор што ќе има гаранции и потпис од Европската унија, ОН итн.“, вели Пападимули.

Тој вели  дека не е правник, но, според негово мислење кога има меѓународен договор со гаранции, тогаш тој е со надуставни карактеристики и е обврзувачки.

За неговиот став за меѓународен договор со надуставна сила, грчките медиуми коментираат дека изјавата на потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на еврогрупата на Сириза доаѓа еден ден по изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев „кој преферира меѓународен договор наместо промена на Уставот“.

Во врска со разговорите за името, Пападимули смета дека треба да има повеќе преговори на маса, а помалку интервјуа.

„Мислам дека треба да се интензивираат консултациите, преговорите, на ниво на министри за надворешни работи, а ако биде потребно и на ниво на премиери, како што добро започна со средбата Ципрас – Заев и да имаме помалку интервјуа. Преговорите преку интервјуа се помалку ефективни, отколку добро подготвени билатерални преговори на масата за дијалог“, вели европратеникот.

Грција Заев име Македонија меѓународен договор Пападимули Устав Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.