Албанскиот претседател Бујар Нишани ги закажа изборите за нов состав на Парламентот на Албанија за 25 јуни.

Изборите првично беа предвидени за 18 јуни, но по компромисниот договор меѓу албанскиот премиер и лидер на владејачката Социјалистичка партија, Еди Рама и првиот човек на најголемата опозициска сила во земјата, Демократската партија, Љуљаим Баша, тие беа поместени за една недела.

Договорот беше постигнат по интензивните преговори меѓу Мета и Баша, со посредство на американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ли.

Албанските опозициски партии досега одбиваа да учествуваат на изборите и дури не се ни регистрираа за претходно закажаните избори за 18 јуни, инсистирајќи на оставка на Кабинетот на Рама и на формирање техничка влада, која според нив, би спровела „фер и демократски изборен процес“. Опозицијата, која уште од февруари ја бојкотира работата на Парламнетот, ја обвинуваше Владата на Рама дека подготвува манипулации и измами на изборите.