Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентот избра: Екатерини Сакеларопулу е прва жена претседател на Грција

0
By Нова ТВ on January 22, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 22, 2020 13:16

Со широко мнозинство и поддршка од три партии, Екатерини Сакеларопулу е избрана за прв жена претседател на Грција. На специјалната седница во грчкиот Парламент гласаа 294 од 300 пратеници од кои 261 беа „за“ предлогот на владата за нов претседател на државата. Новата претседателка на Грција ќе положи свечена заклетва на 13 март по што и официјално ќе ја преземе функцијата.

Пратениците гласаа со прозивање и имаа избор или да го кажат името на Сакеларопулу што значи глас „за“ или да кажат „присутен“ што е еднакво на глас „против“. Позитивно се изјаснија пратениците од „Нова демократија“, од СИРИЗА и „Движењето на промена“, а „присутни“ гласаа 33 пратеници од „МЕРА25“, Комунистичката партија на Грција и „Грчко решение“.

Отсутни од гласањето беа шестмина пратеници. Меѓу нив и поранешниот грчки премиер од Нова демократија, Андонис Самарас, кој е во САД, пратеникот Трифонас Алексиадис од СИРИЗА кој има здравствени проблеми, како и двајца пратеници на кои на пат кон Парламентот им се расипале автомобилите и не стигнаа на време за гласањето. Соопштувањето на резултатите од Претседатеот на Парламентот беше проследено со аплауз од присутните пратеници.

„Согласно соопштените резултати се констатира дека според член 32 параграф 3 од Уставот, за претседател на државата се избира госпоѓа Екатерини Сакеларопулу. Нејзината кандидатура, не само што собра, туку и го надмина зголеменото двотретинското мнозинство на вкупниот број на пратеници. Дами и господа колеги, барам одобрение од Парламентот, во име на Парламентот да се посети избраната претседателка на државата за да ѝ се соопштат резултатите од гласањето и нејзиниот избор. Парламентот одобри“, рече претседателот на Парламентот, Константинос Тасулас, соопштувајќи ги резултатите од гласањето.

Во 13.30 часот по локално време, Тасулас ќе го посети Советот на државата, највисокото судско тело во Грција, каде што Сакеларопулу е претседателка за ѝ формално да и соопшти дека е избрана за претседател на Грција.

Грција Екатерини Сакеларопулу Избор претседател
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.