Чешката владејачка социјал-демократска партија ЧССД на премиерот Бохуслав Соботка оди во опозиција по поразителниот исход на денешните избори на кои.

Милијардерот Андреј Бабиш и неговата АНО партија убедливо победија на изборите.

Бабиш беше во коалиција со партијата на Соботка и ја држеше функцијата на министер за финансии, но по несогласувања и меѓусебни обвинувања за корупција, Соботка најави дека нема да се кандидира по втор пат за премиер, додека Бабиш ја поведе својата партија во политички судир со социјалдемократите.

Бабиш се појави чешката политика пред четири години, кога на изненадување на аналитичарите, освои второ место на парламентарните избори, по што станаа дел од владејачката коалиција. Медиумите го нарекуваат „чешки Доналд Трамп“, поради неговото богатство кое го стекна во медиумскиот бизнис и земјоделието. Бабиш беше обвинет за измама со евросубвенции и за соработка со тајната полиција за време на комунизмот. АНО, слично на повеќето чешки партии, силно се противи на механизмот на ЕУ, според кој со квоти се прераспределуваат бегалците, а нејзиниот лидер е критички расположен кон Унијата и е против определување датум за прифаќање на еврото.