Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиските лидери на нова средба: Ќе има ли датум за избори?

0
By Нова ТВ on May 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партиските лидери кои во вторникот беа на средба кај претседателот Стево Пендаровски, денеска напладне (12 ч.) повторно кај шефот на државата ќе разговараат за термин на одржување на предвремените парламентарни избори. Во октомври лани тие беа закажани за 12 април, но беа одложени со Уредба на Владата по прогласувањето на вонредна состојба и ризикот од ширење на коронавирусот. Учество на денешната нова средба во Вила Водно потврдиле сите поканети лидери.

Како што соопштија од Кабинетот на Претседателот, на средбата се поканети лидерите на СДСМ – Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, на ДУИ – Али Ахмети, на Алијанса за Албанците – Зијадин Села, на Алтернатива – Африм Гаши, на Движење Беса – Билал Касами и претседателот на ДПА – Мендух Тачи, како  и претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

Кабинетот на претседателот Пендаровски, по средбата на 12 мај, соопшти дека е договорено да се побара мислење од Комисијата за заразни болести за мерките и протоколите кои треба да се почитуваат при одржување изборни процеси во време на пандемијата и дека Државната изборна комисија (ДИК) е потребно да достави мислење за временските рокови потребни за завршување на подготовките за спроведување на изборниот процес. Беше договорено да се побара и мислење од Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за временската рамка во која може да испратат набљудувачка мисија за изборите.

Според СДСМ, предвремените парламентарни избори кои се веќе распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин.

„Неопходни се избори во првиот можен момент, како што препорачуават здравствените власти излегуваме од здравствената криза. Се надевам дека ќе постигнеме договор со опозицијата на лидерската средба. Не верувам дека нема. Секојпат консензуално се одлучувало за датумот за изборите. Ако опозицијата има аргументи, ги стави на маса и се издржани, ќе ги прифатиме и никако нема да стоиме на роковите од 21 или 28 јуни“, изјави вчера претседателот на СДСМ Заев.

Според него, нема ултиматум за датумот за избори и во сегашните околности сите треба да бидат разумни за да се вратат во функција институциите, како Парламентот и политичката Влада.

Тој по лидерската средба во вторникот изјави дека закажувањето на изборите е согласно со Уредбата со законска сила на Владата која се однесува на 22 дена од завршување на вонредната состојба. Тогаш соопшти неколку датуми како можни термини во зависност дали и за колку дена ќе биде продолжена вонредната состојба. Потоа Советот за безбедност во петокот донесе одлука за нови 14 дена вонредна состојба што, според Уредбата и како што кажа Заев, би значело избори на 21 јуни.

Претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, пак, вели дека на лидерската средба очекува разум, трезвеност и свесност за реалната ситуација.

„Очекувам да ги слушнам одговорите на алгоритамот што го усвоивме во минатиот состанок, а тоа се одговорите од комисијата за заразни болести, да видиме од седиштето на ОБСЕ/ОДИХР, и што мисли ДИК и на тој начин да го утврдиме првиот можен датум кога би можеле да се случат овие избори“, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека очекува политичките партии да се позиционираат со одредени датуми кога, како што рече, „цениме дека здравјето на граѓаните најмалку ќе биде загрозено или не дај Боже, да имаме еден човечки живот загубено“.

Како што изјави вчера вицепремиерот за европски прашања и функционер во Владата од Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи неговата партија е за одржување избори што побрзо доколку со нив не се загрози здравјето на граѓаните.

„Ние сме за што побрзо организирање на изборите затоа што сметаме дека на државата и требаат институции со целосна можност за одлучување и политички капацитет. Важно е да не се загрози дополнително здравјето на граѓаните и логистичките услови да бидат исполнети“, рече Османи.

На денешната лидерска средба за датум за одржување на предвремените парламентарни избори, како што потенцираше Османи, ќе се разговаат сите аспекти и ќе се обидат да бидат најконструктивниот фактор.

„Претераното одложување на изборите не е во интерес на никого, ниту на владејачките, ниту на опозициските партии, а најмалку на државата“, смета тој.

Премиерот Оливер Спасовски вчера изјави дека нема потреба да се менува владината Уредба со законска сила за роковите за одржување на изборите зашто таа се покажала исправна во правниот систем и Уставниот суд оценил дека е заснована на Уставот и на законот.

„Таа Уредба ги одложи изборните дејствија, ги замрзна роковите, затоа што во вонредна состојба тие се ставаат вон сила. Тука треба да го имаме предвид уставниот рок од 60 дена за одржување на парламентарните избори од денот на распуштање на Собранието. Ако нешто друго треба да се дополни во овој период, во смисла на рокови во рамките на тие 60 дена, тоа е веќе прашање на дополнување на уредбата. Но, ние имаме уредба и таа нема потреба да биде менувана“, истакна Спасовски.

датум избори лидерска средба партии претседател
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.