Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Педро Аграмунт исклучен од ЕНП поради неговата “кавијар дипломатија”

2
By Нова ТВ on June 28, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 28, 2017 19:58

Шпанецот Педро Аграмунт, пријателот на бившата владеачка партија ВМРО-ДПМНЕ, денес беше исклучен од членството на пратеничката група на Европската народна партија (ЕПП) при Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, според извори во партијата, за исклучувањето на Аграмунт гласале 30 членови на групата, а само тројца биле воздржани.

Исклучувањето на 65-годишниот шпански сенатор Аграмунт од неговата матична политичка група во која членува од 2000 година, доаѓа по скандалот поврзан со неговата контроверзна посета на Сирија.

Овај скандал е придружен со друга афера наречена „Кавијаргејт“, за наводна корупција на сегашни или поранешни членови на ПССЕ од страна на режимот во Азербејџан. ПССЕ именуваше надворешна експертска група што ќе треба да изготват извештај за обвинувањата кои се појавија во повеќе медиуми.

Режимот во Азербејџан му подари уметнички портрет на Педро Аграмунт со неговиот лик

Членовите на ПССЕ во април му изразија недоверба на Аграмунт и организираа негово јавно сослушување, забранувајќи му да дава изјави во името на Собранието.

ПССЕ на вчерашната пленарната седница одлучи да го промени својот деловник по итна постапка со што се овозможува отповикување и одземање на мандатите на негови членови или на избрани функционери, доколку со своите постапки ги загрозиле институционалната одговорност и угледот на институцијата.

Резолуцијата стапи во сила веднаш по нејзиното донесување па ПССЕ ќе може да го разреши актуелниот претседател Аграмунт, што досега не е забележано во историјата на Советот на Европа.

Претходно, кредибилните сомнежи за коруптивно однесување на Аграмунт и во Шпанија предизвикаа политичка бура. Во шпанскиот Сенат беше побарана оставка на Аграмунт како член на Советот на Европа и на Сенатот.

Шпанските пратеници бараа да се објасни неговата наводна вмешаност аферата “Кавијаргејт” која укажува на дека режимот на Азербејџан ги купувал членовите на ПССЕ за да ги замолчи критиките за прекршување на човековите права од страна на владата на оваа земја. Пратениците исто така побараа Аграмунт да престане да биде «срам» за Шпанија на европско ниво и Аграмунт да од функцијата:

“Станува збор за многу сериозни прашања кога диктаторските влади купуваат пратеници за тие да молчат за нивните злосторства. Аграмунт не ја користи својата позиција за да работи за граѓаните, туку за неговиот сомнителен бизнис”, обвинија шпанските пратеници.

Да потсетиме дека на денот на објавувањето на првата „бомба“ на лидерот на опозицијата Зоран Заев, на 9 февруари, со изјава се јави токму Аграмунт.

Во својата изјава тој говори “ни помалку, ни повеќе, туку за обид за „недемократско преземање на власта“ и во неа се изразува загриженост за настаните во земјава, „конкретно за неодговорното однесување на политичката опозиција.“ Од Заев се бара да размисли за „тешките обвинувања“ кон Владата и се вели дека закани од шефот на опозицијата кон премиерот не сe правилно средство за критика на владата”, анализираше во 2015 година Проверката на факти.

Азербејџан Европска народна партија Корупција Педро Аграмунт Сирија Совет на Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.