НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски довери мандат, Заев вети влада, Мицкоски обвини за кршење на Уставот

0
By Нова ТВ on August 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Течат роковите од 20 дена за формирање на влада, откако шефот на државата Стево Пендаровски вчера го довери мандатот на лидерот на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Зоран Заев, која на предвремените парламентарни избори на 15 јули освои најмногу мандати (46). Тој, пак, по добивање на мандатот рече земјата ќе добие ефикасна влада, најверојатно, пред да истек на законскиот рок од 20 дена, која ќе продолжи по вистинскиот пат кон ЕУ. Како приоритети ги наведе развој на концептот „едно општество за сите“, ослободување од какви било национализми и етнички предрасуди, економија, борба со криминалот и корупцијата, како и прочистување на правосудството.

„Од овој момент, во рок од 20 дена, имаме задача да создадеме програма и кадри на кои Собранието ќе им додели мандат да служат на граѓаните. Владината програма, во најголем дел, ќе биде посветена на економијата, на раст на платите и пензиите, на вложувања во младите, во раст и развој, во грижа за најсиромашните, во поддршка на домашното стопанство. Ќе водам влада која не знае за скршнување од патот и која по членството во НАТО, продолжува кон членство во ЕУ, истакна Заев кој сè уште е во разговори со партиите за формирање парламентарно мнозинство.

Прашан што ќе се случи ако за 20 дена не успее да состави влада, дали ќе го врати мандатот и дали ќе има нови избори, Заев истакна дека тоа прашање е регулирано со Уставот, посочувајќи на ситуацијата со составување на влада во 2016 година.

„Имавме ситуација во 2016 година кога мандатот му беше доверен на Никола Груевски, но не успеа да формира влада за 20 дена. Уставот е јасен – кога рокот истекува, мандатот се враќа. Тогаш мандатот го добив јас и второрангираната коалиција со два пратеника помалку од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јас успеав да формирам влада. Разликата е во тоа што јас сега ќе успеам да формирам Влада“, истакна Заев.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по одложената средба со лидерите на другите партии на Албанците што тој ја иницира на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кажа дека сè уште немаат договор со досегашниот коалициски партнер СДСМ и ги повтори црвените линии – Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство, ветинг и премиерска позиција.

„Сум изјавил претходно, ќе изјавам пак. Работите се толку блиску колку што истовремено се и далеку. Посакувам кај страните да доминира разумот, во прв ред да се постави интересот на државата. Има толку значајни процеси со кои се соочуваме како земја и ние заедно ја зачленивме оваа земја во НАТО, заедно ги затворивме историските прашања во земјава и заеднички ја градиме европска Македонија. Ова е нашата мисија. И сега се надевам дека страните ќе работат ладнокрвно за да ги постават овие приоритети пред себе“, рече Ахмети.

Двајцата Заев и Ахмети вчера попладне одржаа нова средба на која учествуваа и генералните секретари Љупчо Николовски и Артан Груби, а по неа излегоа со заедничко соопштение.

-На тричасовната конструктивна и продуктивна средба постигнати се основи за напредок кој води до коалициски договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, на еднаквоста и на владеењето на правото. Разговорите меѓу двете партии ќе продолжат во текот на викендот на ниво на генерални секретари“, најавија од СДСМ и ДУИ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, ја оспори одлуката на претседателот Пендаровски за доделување на мандатот на Заев, без тој да приложи доказ дека обезбедил мнозинство,  оценувајќи дека со тоа го прекршил Уставот и оти со доверување на мандатот му овозможил уште 20 дена преговори на Заев за влада.

„Од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски денеска беше прекршен Уставот. Без никаков доказ, што е неопходен за поседување на парламентарно мнозинство од најмалку 61 пратеник, тој го додели мандатот за состав на нова влада на пратеникот Зоран Заев. По кои критериуми Пендаровски одлучи мандатот да го додели на партија и човек кој не достави доказ дека поседува мнозинство во Парламентот. Мандатот без доказ може да се додели и во рацете на ВМРО-ДПМНЕ кое освои најмногу пратеници во македонскиот блок или на ДУИ, на ДПА, на Левица, на Алијанса, на Алтернатива или на која било друга политичка партија која е во Парламентот“, рече Мицкоски.

Тој со дел од партиската пратеничка група попладнето побара средба кај претседателот на државата во вила Водно со намера да ги слушнат аргументите врз чија основа се доделил мандатот на Заев. По средбата Мицкоски соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски, оценувајќи ја неговата одлука како злоупотреба на позицијата Претседател на државата.

„ВМРО-ДПМНЕ на денешната координација донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со Стево Пендаровски и практично ќе ги преиспита политиките што ќе ги води во однос на кабинетот на Претседателот. За жал, како многупати во минатото, така и овој пат се приватизирани институциите, заробени за личен и партиски интерес, а на сметка на интересите на граѓаните. Денеска пратеникот Зоран Заев го доби мандатот, откако го уверил претседателот Стево Пендаровски дека ќе работи на парламентарно мнозинство“, изјави Мицкоски по средбата, на која беше придружуван од пратеничката Гордана Сиљановска.

Претседателот Пендаровски пред да го довери мандатот се обрати кусо и појасни дека врз основа на член 84 и согласно член 90 од Уставот, за мандатар го определува Заев. По средбата со Мицкоски, во вила Водно, пак, изјави дека мандатот му го доверил на Заев, бидејќи смета дека роковите за мандат течат по верификација на мандатите на пратениците, иако не е избран претседател на Собранието имајќи ја предвид политичката пракса во изминативе 30 години, односно ситуациите во 2006 година и во 2016 година.

„До овој момент, 61 пратеник нема ниту една политичка страна, ниту еден политички субјект од оние кои влегоа во новиот парламент, меѓутоа господинот Заев се јави во текот на вчерашниот ден и рече  дека во преговорите со повеќе политички партии кои имаат свои пратеници во Собранието е на добар пат да обезбеди мнозинство“, рече Пендаровски.

Според член 90 од Уставот, по добивањето на мандатот, мандатарот во рок од 20 дена на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Влада Зоран Заев Македонија мандат Стево Пендаровски Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.