Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Само еден е патот кон прогрес и води преку ЕУ и НАТО

0
By Нова ТВ on April 14, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 14, 2019 16:33

Имаме неповторлива можност како генерација да оставиме трајно наследство зад нас. Обезбедена и сигурна држава, партнер на демократскиот свет, рамноправен дел од најзначајните светски сојузи. Оние кои мислат дека без НАТО и без Европската Унија можеме да ги решиме децениските проблеми со иселувањето, од социјалната сфера, дека може да ја обезбедиме сигурноста и стабилноста, се лажат себеси. Од осамостојувањето до денес само еден е патот кон прогрес и води преку ЕУ и НАТО, рече кандидатот за претседател од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски на денешниот централен митинг во Скопје. Немаме, посочи тој, повеќе генерации за губење и затоа нема да и дозволиме на политичката опозиција да не врати од патот по кој чекориме.

„На сите оние кои сакаат да нè вратат назад мора да им порачаме дека не само што нема да се враќаме назад, туку сите заедно ќе одиме напред. Не барам поддршка само да станам претседател, туку барам поддршка за концептот на иднината, концептот едно општество за сите. Ова не се само обични избори за претседател, на овие избори избираме опција да продолжиме напред кон иднината, рече Пендаровски.

Со години, како што посочи, чекоревме по овие улици со надеж и верба дека ќе се ослободиме од стегите на режимот, кои ја гушеја слободата, ја кршеа демократијата и ја заробија државата.

„Денеска ги фрливме стегите на режимот и сега чекориме по патот на евтоинтеграцијата, кон економскиот развој и севкупниот општествен напредок. На тој пат не сме осамени. Околу нас илјадници други стапки го чекорат истиот пат по кој одиме. И денес исто како во изминатите три години одиме заедно напред, рече Пендаровски.

Истакна дека за него не е важно од која националност се граѓаните, од која верска припадност, каква е нивната социјална состојба и дали се дел од власта или од опозицијата бидејќи, како што додаде, важно му е сите да имаат правда.

„Вашата правда е и моја правда, но вашата неправда ќе биде и моја грижа, рече Пендаровски.

Пред присутните на митингот, Пендаровски се обврза дека ќе води политики на заедништво, а не на поделби.

„Имам намера да помирувам, не да разгорувам конфликти. Како претседател неуморно ќе работам на довршување на нашето членство во НАТО, да бидам предводник за членство во ЕУ. Моето делување нема да се заснова на непостоечки митови и реконструирани легенди, туку на реална современа политика на интеграција“, порача Пендаровски.

Во својот говор се осврна и на потпишаните договорите со Бугарија и со Грција, со кои, како што  рече дадовме пример и за регионот и за светот, бидејќи се затворија децениски отворени прашања во интерес на државата, во интерес на граѓаните и во интерес на иднината.

Во своето обраќање лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев рече „заврши времето на криминалци и заштитници на криминалот“.

„Република Северна Македонија ќе добие претседател за кого иднината на државата не е авантура, туку должност, а тој не е заталкан патник туку водач. Ги победивме поделбите, омразата, конфликтите и немирот. Европа аплаудира, а граѓаните сакаат да продолжи нашата политика да се оди напред. Новиот претседател ќе биде човек кој сака, може и мора да влече напред – тоа е Стево Пендаровски“, рече Заев на централниот митинг во главниот град.

Митингот се одржа пред Делегацијата на ЕУ,  а му претходеше марш по улиците во центарот на Скопје. Собирот почна со обраќање на ракометарот Наумче Мојсоски, кој рече дека оваа земја има тешки натпревари пред себе со високи цели и со големи успеси. Рече дека Стево е вистинскиот играч и „ќе го остави срцето на терен за оваа земја“.

Се обрати и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, според кого Пендаровски е предвесник на нашата европска иднина и симбол на внатрешната интеграција кој, како што рече, ќе обединува и во добро, и во лошо.

митинг СДСМ Скопје Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.