Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Вархеји е прилично сигурен дека одлуката ќе падне пред мајскиот самит во Загреб

0
By Нова ТВ on January 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Tехничката влада почна на многу лош начин да функционира. Oд првиот момент, не навлегувајќи чија е вината повеќе или помалку, не настапи како тим, оценува претседателот Стево Пендаровски vо интервју за МКД.мк.  Според него има подобрување во сферата на правосудството, но тоа не е доволно.  Тој го пренeсува и ставот на комесарот за проширување Вархеји дека законот за Јавно обвинителство не е поставен како формален услов на ЕУ, но „во некои европски градови поставуваат прашања од типот нели би било добро и тој закон да се донесе“.

„Ова не е формален услов, но да не им дадеме дополнителен мотив на некои да речат „и тоа требаше”. Услов беше проблемот со името и сега новата методологија. Новиот комесар ме импресионираше со познавањето на процесот што има многу технички детали, со оглед дека е кратко време на таа позиција, и со плановите за во иднина. Неговата агенда е исклучително амбициозна во оваа смисла. Речиси е убеден дека методологијата ќе биде усвоена најдоцна до март, вклучително со сите амандмани што земјите членки во меѓувреме ги даваат. И е прилично сигурен дека одлуката може да биде донесена пред Самитот во Загреб на 6 мај. Во таа смисла рече дека има добиено и повратни сигнали од некои битни европски градови, односно држави, кои досега искажуваа резерви за проширувањето во однос на овој круг, во кој сме ние и Албанија. Наводно тоа што тој го презентирал како задачи што двете држави треба да ги испорачаат во наредниве месец до два за нив ќе биде доволно за да можат да донесат позитивна политичка одлука врз основа на новата методологија пред мајскиот самит“, вели Пендаровски.

Илузија, според него, е некој да мисли дека ние можеме од Скопје да диктираме кога ќе биде донесена одлуката и каква ќе биде. „Ние чекаме одлуката да ја донесат земјите членки и се знае меѓу нив кои ги диктираат тие процеси и трендови. Комесарот за проширување има контакт со тие неколку држави и вели почетни, повратни сигнали добив, позитивни се и, се разбира, понатаму треба да се испорача. За нас станува збор за Законот за Јавно обвинителство, а во однос на Албанија за сет изборни закони за кои е потребен консензус меѓу власта и опозицијата“, нагласува Пендаровски.

Во однос на правосудството шефот на државата се согалсува дека тоа што нема пресуда за големи корупциски скандали е минус и затоа вели дека не сме на нивото на еден просечен европски систем. „Што нема сега, а имаше порано и каде јас го гледам напредокот? Нема ниту еден индикатор дека луѓе политичари диктирале судски пресуди, како што имаше случаи по телефон од лустрација на судија до политички пресуди. Нема доказ дека некој нарачува по телефон судска пресуда, нема политички затвореници како што беше случајот на Љубе Бошковски, нема новинар во затвор што е штелуван да влезе во затвор од политички причини како Кежаровски. Тоа е неоспорно подобрување, далеку сме од 2011, 2012, 2015, но во исто време многу далеку сме од она што значи европски стандард. Во овие три години нема таков скок, такво подобрување во сферата на судството какво што граѓаните бараа за време на Шарената револуција кога главниот слоган беше „Нема правда, нема мир”“, вели Пендаровски.

Што се однесува до договорите со Грција и Бугарија негова проценка е дека во однос на Договорот од Преспа шансите за промена се еднакви на нула. „Не дека не може да се промени, туку затоа што треба промена на Устав, што во принцип е тешко и нема да добиете согласност од претпоставениот албански партнер, не поради содржината на Преспанскиот договор и новото име, туку на тој начин практично ја блокирате земјата кон евроатлантските интеграции. А тоа е ултимативен интерес на секој од нас. Во однос на Договорот со Бугарија, објективно имаме една неповолна околност со Декларацијата што беше усвоена во бугарскиот парламент и веројатно веднаш по отворањето на преговорите ќе се постави како нивна позиција и во Брисел. Таа декларација, знаете, е со прилично негативна реторика и на неколку места, по мое убедување, директно го поткопува Договорот“, вели Пендаровски.

Уверен е дека предвремените парламентарни избори нема ништо да сменат во неколку магистрални насоки и внатре и надвор.

„Во однос на стратегиските цели, во НАТО влегуваме, денови или недели се во прашање, и таа ситуација објективно политички не може да се измени и не мислам дека опозицијата, ако ги добие изборите, ќе сака да ја менува. За преговорите со ЕУ, не можам да видам дека во која било ситуација, и при промена на власта, нема да ни дадат преговори. На внатрешен план, најбитната оска за стабилноста, меѓуетничките односи, убеден сум дека која било следна влада ќе има значаен и доминантен албански партнер во својата структура. Во тие главни насоки нема што да се смени“, вели Пендаровски

 

Загреб интервју Пендаровски Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.