Славјанка Петровска: ВМРО-ДПМНЕ треба да се запраша што правеше година дена, како тоа од водење на горда дипломатија и со наводно „исправена кичма“, се доведе во ситуација да пратеник од сестринска партија поднесе амандман со кој сака да го проблематизира македонскиот јазик, јазикот на оваа држава, на македонскиот народ.
Додека бевме власт гарантиравме дека идентитетот и јазикот ќе бидат нечепнати, дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт со својата самобендисана и арогантна политика и политика на карање со соседите и карање и спротиставување со членки на Европската Унија се доведе во ситуација јазикот и идентитетот да бидат повторно оспорувани.
Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со ваквата политика тогаш е многу извесно дека нашите позиции за една година од сега ќе бидат уште пострашни и уште полоши.