Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петте клучни сегменти по кои светот може да се промени со Трамп

2
By Влатко Чаловски on November 9, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 9, 2016 12:18

Дека седнувањето на Доналд Трамп на претседателската фотелја во Овалната соба, ги изненади сите не е тајна. Тоа го потврдуваат и реакциите на лидерите од светот. Оттука се поставува прашањето кое моежби ги мачи сите: Дали ќе се смени Америка, односно ќе се смени ли светот, со оглед на неговите изјави во претседателската кампања?

Анализата на BBC направена по победата на Трамп, дава пет значајни сегменти каде односот на САД кон останатиот дел од светот би можел да се промени.

Слободната трговија

Доколку Доналд Трамп во практика ја примени политиката за трговија која ја застапува, тоа би била најголемата промена за начинот на кој Америка го спроведува бизнисот со меѓународната заедница. Тој рече дека ќе го скрати бројот на договори за трговија, а помеѓу нив и Северноамериканскиот договор за слободна трговија кој епотпишан помеу САД, Канада и Мексико, бидејќи истиот бил одговорен за губење на работни места. Во неколку наврати сугерираше и дека ќе ја повлече својата земја од Светската трговска организција (СТО).

Во однос на Кина порача дека ќе го намали увозот на Кина до максимум 45 отсто и од Мексико на 35 отсто.

Климатските промени

Неодамна објавениот документарен филм на Леонардо ди Капри „Пред поројот“ веќе доживува светски признанија за објаснување на климатските промени, но за Трамп, истиот веројатно не е од никакви значење.

Трамп порача дека ќе го откаже договорот од Париз за климатските промени, а кој е потпишан од 195 земји во декември минатата година. Исто така рече дека ќе ги стопира сите давачки на САД за програмите на Обединетите нации за глобалното затоплување.

Доколку Трамп ги отфрли и веќе започнатите проекти на Барак Обама по однос на оваа тема, тоа ќе биде значаен удар за Парискиот договор.

Затворањето на границите

tramp-mp
Доналд Трам на средба со мексиканскиот претседател Енрике Нието

На оваа тема, Доналд Трамп неколку пати ги менуваше своите изјави за време на кампањата. Започна со тоа дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико и дека ќе депортира 11 милиони нерегистрирани мигранти, Потоа рече дека само неколку милиони од нив се криминалци и дека тие ќе бидат депортираните, а со останатата бројка ќе водат процес службите. Потоа рече дека всушност Мексико е земјата која ќе го гради и плати ѕидот кој тој го најави, додека во исто време оствари и средба со тамошниот државен врв.

Доналд Трамп објави и дека компленто ќе ги затвори границите на САД за муслиманите, за подоцна да рече дека тоа било сугестија, а не и негова политика.

НАТО

За НАТО порача дека едноставно ќе го казни бидејќи Алијансата била застарена а членовите во неа неблагодарни кои на големо профитирале од САД. Трамп рече дека Америка не може да ги штити земјите од Европа и Азија без соодветна компензација. Се закани дека ќе ги повлече американските трупи доколку не им биде исплатено. Ова пракчтично значи дека Трамп би можел да ја промени надворешната политика која САД над 60 години ја застапува.

Русија

Кога станува збор за Доналд Трамп и неговите изјави во однос на Русија, доколку истите се искрени, тогаш можеби и ќе има сериозно помирување помеѓу Западот и Истокот. Трамп потенцираше во неколку наврати дека ќе ги смири тензиите со претседателот на Русија, Владимир Путин, кого го смета за одличен и цврст лидер со кој би сакал да има прекрасни односи. Во однос на Русија, исто така, Трамп порача дека ќе биде многу подобар и поефикасен воен командант за разлика од неговата противкандидатка Хилари Клинтон и претседателот Барак Обама.

Владимир Путин Доналд Трамп Кина Меѓународна заедница НАТО Русија САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 27, 2026

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

ВЕСТИ January 27, 2026

28 јануари е денот кога работниците зборуваат, овој протест е за вашите плати кои не…

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

January 26, 2026

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.