Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петти ден фестивал „Браќа Манаки“

0
By Нова ТВ on September 28, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 28, 2017 13:58

Кинематографери, продуценти и актери од Австрија, Италија и Унгарија, денеска говореа, на петтиот ден од фестивалот „Браќа Манаки“, за своите филмови кои публиката имаше можност да ги погледне како дел од програмата на фестивалот, а ги објаснија и предизвиците на кинематографијата во своите држави.

Унгарскиот филм од главна компетиција „Месечината на Јупитер“, кој раскажува интересна приказна за бегалец кој се стекнува со моќ за левитирање, предизвика голем интерес кај публиката, со оглед на општествениот аспект на темата со бегалците.

Кинематограферот Марсел Рев, на денешната прес-конференција објасни дека сценариото за филмот всушност било напишано цела година пред да се случи бегалска криза, а сплетот на настани кои следеле во Унгарија, само придолнеле кон актуелноста и популарноста на филмот.

Што се однесува пак до политичката тема, која веројатно најмногу ја интересираше публиката, Рев објасни дека се обиделе да ја прикажат мигрантската криза од повеќе аспекти.

„Кога живееш во непосреден допир со бегалската криза, ги гледаш обете страни на ситуацијата. Сфаќаш дека за некои луѓе тој прилив на мигранти делува страшно, посебно во економски послабите држави, а и Унгарија како држава постојано ги подгрева тие стравови кај луѓето. Од друга страна пак,  човечка одговорност е да им се помогне на тие луѓе кои побегнале од страшна војна“, рече Рев.

Карин Шифер од Австрискиот филмски центар, заедно со кинематограферот Мартин Гешлахт ги објаснија предизвиците за филмската индустрија во Австрија.

Карин Шифер која се занимава со промоција на австриските филмови и нивно пласирање на светските фетивали, истакна дека за жал понекогаш е полесно да се допре до странскиот пазар, отколку до домашната публика, која е многу помалубројна.

„Фестивалите се неминовни во процесот на промоција на нашите филмови. Тие скоро едиствените места каде што може да се добие видливост за условно речено, помалите филмови. За австриските филмови полесно е да се постигне интернационален успех, отколку да се популаризираат на домашниот пазар. Тоа е едно од прашањата за кои бараме решение“, рече Шифер.

Мартин Гешлахт пак, кој работи и како продуцент покрај неговата основна вокација како кинематографер, истакна дека австрискиот пазар е доста специфичен.

„Австрискиот пазар е многу мал. Неизводливо е еден филм да се направи и да се пласира само во Австрија. Друг проблем е што Германскиот пазар не ни е достапен, поради јазичните разлики, нашите филмови таму треба да одат со превод и тоа е исто така големо ограничување“, објасни Гешлахт.

Вчера беше прикажан првиот дел од Програмата на кратки филмови кои учествуваат во компетицијата за Малата Златна Камера 300, а денес ќе се прикаже и вториот дел.

На вчерашната студентска програма пак, беа прикажани четири кратки филмови на студенти по филм од Романија.

По студентската програма прикажан беше филмот „Скриени резерви“ во програмата Фокус – Австрија, а пред самата проекција, беше испратен поздрав од австриската амбасадорка, Рената Корбар, кој пред публиката го пренесе Валентина Илиева.

Во соработка со „Првите филмови на прво место“ (First Film First) на 38. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ мастерклас одржа и светски познатата сценографка Марија Ѓурковиќ, која досега работела како продукциски дизајнер на триесетина филмски остварувања, меѓу кои и култните филмови „Били Елиот“, „Часови“, „Мама миа“ , а има многу номинации и награди на британски и европски фестивали.

На програмата денеска, во главната компетиција ќе се прикажат рускиот филм „Како Виктор Лукчето го однесе Алексеј Коњот во центарот за инвалиди“ и унгарскиот „За тело и душа“.

Во програмата Европски перспективи е филмот „Албум“ , а од програмата земја во фокус, данскиот „Клучно куќно огледало“.

Во чест на браќата Манаки, ќе има проекција на филмот „Манаки – приказна во слики“ на режисерот  Роберт Јанкуловски.

Браќа Манаки кинематографер програма режисер филмски фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.