На езерото „Младост“ во близина на Велес ќе се одржи петтото издание на традиционалниот „Велешки пливачки маратон“. Организатор е локалната самоуправа под покровителство на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) со ЗГ „Клуб 28“ и Кајак Клубот „Бабуна“ од Велес.

Во 10 часот тргнаа рекреативците, во 12 часот е закажан стартот на маратонот на 2,5 и на пет километри во женска и машка конкуренција што воедно се последни трки во рамки на македонски Куп во далечинско пливање за 2018 година.

Пливачкиот маратон ќе биде обезбеден од 20 спасители на вода од општинскиот Црвен крст и 30 кајакари од велешките кајакарски клубови. Организаторите за догодина најавија и учесници од странство.