Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пицула: Самитот во Загреб е шанса да се вратиме на проширувањето на ЕУ

0
By Нова ТВ on November 30, 2019 СВЕТ
Фото: slobodnaevropa.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Самитот во Загреб за време на хрватското претседателство со Европската унија (ЕУ) е шанса за деблокирање на работите во регионот и прашањето за проширувањето да се направи еден од приоритетите, изјави хрватскиот европратеник Тонино Пицула, кој е именуван за известувач на Европскиот парламент за препораки за Западен Балкан пред Самитот во мај следната година.

„Јас сум постојан известувач за Црна Гора во Европскиот парламент, но, исто така, ќе водам и работна група за цел Западен Балкан. Мислам дека ќе ми даде преглед на новата финансиска помош за овие земји, кој, според предлогот, е тежок дури 15 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година. Парите се голем показател кога станува збор за некоја политика што значи, ако овие камчиња се стават во мозаик, Унијата ќе излезе од една долгогодишна пасивност кон политиката за проширување, што според мене, останува прашање за нејзиниот кредибилитет, туку и интерес“, рече Пицула.

Во интервју за Радио Сараево, Пицула изрази очекување од Европскиот совет да даде една полуподдршка за почеток на преговорите за Северна Македонија и за Албанија, бидејќи тие земји го исполниле сето она што се барало од нив како предуслови за почеток на преговорите.

„Од Северна Македонија се бараше да го смени името на државата и тоа сè уште остава политички последици во таа земја. Сепак, со одлуката на францускиот претседател Макрон да се воздржи, одлуката на Европскиот совет е блокирана, како што беше случај во последните десет години“, рече тој, додавајќи дека сè уште е добро што таквата одлука ја врати политиката на проширување во фокусот на ЕУ.

Според него, Емануел Макрон беше критикуван и затоа што не понуди јасна алтернатива за постојниот систем за преговарање. За разлика од постојниот систем кој опфаќа 35 поглавја по кои земјата станува членка на ЕУ, според предлогот на Макрон, тоа би било, како што вели Пицула, „некаков постепен влез во Унијата“.

„Значи, преку седум рунди преговори, што, се разбира, не е исто. Црна Гора, на пример, отвори 33 поглавја и дали сега повторно да се враќа на почеток или се префрлува на новиот систем? – Истото може да се каже и за Србија која отвори 17-18 поглавја“, рече Пицула.

Тој оцени дека во рамките на европските институции ќе треба долго време да се разговара за тоа како да се даде момент на политиката за проширување, без да се влоши постојното ниво на фрустрираност и незадоволство на сите страни. Притоа изрази увереност и дека Комисијата на чие чело е сега Урсула фон дер Лајен ќе постигне напредок.

„Во пресрет на гласањето, таа ја стави отвореноста кон Западен Балкан и пред трансатлантските односи со САД. Мора да признам дека повеќето од нас кои се за проширување беа изненадени и тоа многу позитивно. Затоа верувам дека шест месеци ќе бидат вистинска можност за поправање на работите. Дали ќе бидат искористени, тоа допрва ќе видиме“, рече Пицула, додавајќи дека се надева на конкретни мерки што ќе дадат интензитет на таа политика.

Тој верува дека хрватската Влада ќе ги искористи шестмесечното претседавање со ЕУ за да го постави како приоритет прашањето за проширување.

ЕУ Загреб проширување Самит Тонино Пицула
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.