Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 10.000 евра од Косово за семејствата на „Кумановската група“

0
By Нова ТВ on February 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 7, 2018 09:09

Косовското Mинистертво за финансии ја спроведе одлуката на Владата и на 29 семејства на загнатите и осудените за настаните во кумановската населба Диво насеље во мај 2015 година.

– Испатени се 290 илјади евра, пропорционално за 29 семејства на загнатите  и осудени лица во настаните во Куманово, онака како што беше предвидено со одлуката на Владата од 10 октомври 2017 година, изјави за Инсајдер Мухарем Шабани, портпарол на Министерството за финансии, пренесува МИА.

Донесената одлука на Харадинај тогаш наиде на критика во косовската јавност.

Директорка на медиумската групација „Коха“, Флака Сурои, за порталот лајми.нет тогаш изјави дека членовите на „Кумановската група“, осудени се од судот во Македонија, за неколку кривични дела како нарушување на уставниот поредок, тероризам и терористичка организација, и затоа доделувањето средства на нивните семејства е несфатливо.

Таа оцени дека иронијата е уште поголема зашто Косово еден месец пред настаните од 2015 година во Куманово, во парламентот го донесе “Законот за забрана за учество во оружени конфликти надвор од територијата на државата.

– Во Куманово се случи тежок инцидент. Уништена е речиси е цела населба. Не сфативме што бараа вооружените косовци во Куманово. Ниту кој ги испрати таму, ниту кој ги убеди да отидат таму, ниту пак поради кои причини. Доделување пари од буџетот на Косово за семејствата на осудените за кривични дела извршени во друга држава нема никаква логична смисла. Да кажеш дека осудените отишле во Македонија да војуваат поради идеал – тоа е да го прекршиш “Законот за забрана за учество во оружени конфликти надвор од територијата на државата“, кој го донесе Собранието на Косово во април 2015 година, значи еден месец пред да се случи Куманово, изјави Сурои.

Побара, ако Владата има информации кои јавноста не ги знае за овој случај, да излезе и јавно да ги каже. Инаку, нагласува таа, на овој начин, Приштина втемелува преседан според кој некој осуден за кривично дело од прв степен, ќе има право да си земе компензација од државата.

Критика преку Фејсбук профилот упати и аналитичарот Енвер Робели кој силно ја нападна одлуката на премиерот Харадинај да им плати по 10.000 евра на семејствата на загинатите и осудените од Куманово. Робели таквата одлука ја нарече злосторство против граѓаните на Косово.

На 9 и на 10 мај 2015 година, во Диво насење вооружена група се судри со македонските безбедносни сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група

За настаните, македонскиот суд во ноември лани на обвинетите им изрече седум доживотни казни затвор, 13 по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор, а четири лица добија ослободителни пресуди.

Диво насеље загинати Косово критики обвинети пари семејства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.