Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 6 месеци, институциите се заинтересираа за злоставуваното девојче

1
By Нова ТВ on February 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 21, 2018 08:21

Институциите конечно се вклучија во истрагата за тоа кој затаил и чија е одговорноста за хоророт низ кој со години минувала 13-годишна штитеничка на домот „25 Мај“, која на почетокот на овој месец морала да абортира откако забременила по сексуално злоставување.

Алармот за случувањата во установата „25 Мај“ се вклучи минатата недела кога невладината организација Европски центар за правата на Ромите (ЕЦПР) објави дека 13-годишна штитеничка на домот била подложена на абортус откако забременила по сексуално злоставување.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека се сомнева дека станува збор за сексуална експлоатација на малолетничката и побара Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да го расчистат случајот.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека оформило предмет по писмени известувања поднесени од МВР, во врска со случајот со злоставуваната малолетничка од „25 Мај“ и оти се проверуваат и наводите од пријавите и за организацијата и работењето во установата.

Како што велат, отворен е и предмет по поднесена кривична пријава од страна на родителите на девојчето, преку адвокат, против лица вработени во Јавната установа за згрижување деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје, а за сторени кривични дела – „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Велес, пак, постапува по предмет за кој веќе во јавноста беа објавени детали. МВР во понеделникот соопшти дека против едно лице веќе поднеле кривична пријава за полов напад врз дете, кое признало дека имало сексуални односи со 13-годишното девојче лани во ноември, кога во бессознание била однесена во општата болница во Велес.

По применото известување, обвинителството веднаш издало Наредба за телесен преглед до Институтот за судска медицина. Во понеделникот до Обвинителството од страна на Министерството за внатрешни работи е пристигната кривична пријава против конкретен сторител.

Од Обвинителството истакнуваат дека информациите кои можат да се споделат во моментов се само оние кои нема да ја повредат тајноста на постапката.

Но реакцијата на ОЈО и МВР е дури шест месеци откако до нив е поднесена кривична пријава од ЕЦПР.

Социјална инспекција во Домот 25 мај

Вчера беа обелоденети два нови случаи на бременост кај малолетнички, штитенички на Домот за деца со социјално-воспитни проблеми „25 Мај“ од Скопје, но според Министерството за труд и социјална политика, тука не станува збор за злоставување или сексуална експлоатација.

Во двата нови случаи на бременост кај малолетничките, тие изјавиле дека своеволно имале односи со штитеници од установата со кои биле во врска. Едната малоленичка која била 15-годишна ја прекинала бременоста откако дала согласност и таа и старателот, а за тоа била информирана и нејзината мајка. Втората малолетничка, која има 17 години, одлучила да го задржи бебето.

Но бидејќи се работи за малолетнички, Министерството ќе ги испитува околностите и условите во кои тие живеат додека се под старателство на државата.

Во понеделникот директорот на домот „25 Мај“ Стевчо Соколовски поднесе оставка, од морални причини. Тој на чело на оваа институција е од 2006 година, прво како вршител на должноста до 2007, а потоа и како директор. Тој претходно работел и како воспитувач во Домот.

ЕЦПР ЕЏПР злоставувано девојче МВР МТСП ОЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 4, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

ВЕСТИ June 4, 2026

Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го…

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.