Со 64 гласови „ за“ пред малку беше изгласан Законот за јазици. Претседателот на Собранието Талат Џафери го стави Законот на гласање без да  отвори дебата за амандманите подонесени од ВМРО ДПМНЕ.

На ова му претходеше бурна и тензична атмосфера, во која само поради интервенција на собраниското обезбедување беше избегнат физички судир меѓу Никола Груевски и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Никола Груевски и пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ја опколија масата на спикерот, кога Џафери го стави Законот за јазици на гласање. Груевски се доближи до Џафери и му го исклучи микрофонот и му истури чаша вода врз материјалите пред Џафери. А кога  спикерот се обиде да ја напушти салата, му го попречи патот и крена рака. По интервенција на собраниското обезбедување, Џафери беше изнесен од салата.