Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По победата на Ердоган: Власта се концентрира во рацете на еден човек

0
By Нова ТВ on June 25, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 25, 2018 15:22

Актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, по вчерашната победа на претседателските избори, новиот мандат го презема со нови широки извршни овластувања.

Парламентот ќе биде ослабен, а функцијата премиер укината, што е резултат на референдумот што се одржа лани во јули со тесно мнозинство од 51 отсто поддршка.

Според државните медиуми Ердоган освои 53 отсто, на преброени  99 отсто од гласовите, а неговиот најголем ривал Мухарем Инџе 31%. Конечните резултати ќе бидат објавени во петок.

– Нацијата ми довери одговорност за претседавање и извршни должности, изјави 64-годишниот Ердоган во победничкиот говор од Истанбул што го пренесуваше државната телевизија.

Тој прогласи и победа на Народниот сојуз, изборна коалиција на неговата Партија на правда и развој и малата Партија за национално движење на парламентарните избори, нагласувајќи  дека имаат мнозинство во Парламентот во кој, со уставните измени, сега ќе има 600 места.

– Се надевам никој нема да се обиде да фрли сенка на резултатите и да и наштети на демократијата за да го сокрие својот неуспех, изјави Ердоган.

Што значи резултатот?

Ердоган овој пат како претседател ќе има поголеми овластувања според новиот Устав на Турција, измени што беа усвоени на референдумот минатата година со 51 отсто од гласачите и треба да стапат на сила по изборите.

Тие вклучуваат:

-директно назначување високи јавни функционери, вклучувајќи министри и потпретседатели
-моќ да интервенира во правниот систем на земјата
-моќ да воведе вонредна состојба

Некои критичари тврдат дека ова значи премногу моќ во рацете на една личност и дека новиот претседателски систем во Турција нема контрола и баланс преку други тела, како што е во Франција или САД.

Ердоган пак тврди дека зголемена власт ќе му овозможи да одговори на економските проблеми на Турција и да ги победи курдските бунтовници на југоисточниот дел на земјата.

Во својот  говор, тој рече дека Турција ќе дејствува поцврсто против терористичките групи и ќе продолжи да ги “ослободува сириските територии”, за да можат бегалците да се вратат во своите домови таму.

Како реагираше опозицијата?

Кандидатот на Републиканската народна партија (ЦХП) Мухарем Инџе изјави дека изборите биле нефер од самиот почеток – од распишвањето, па се дообјавувањето на резултатите.

-Од денес стапува на сила новиот режим и тој претставува голема опасност за Турција… Сега имаме целосно усвоен режим на владеење на еден човек, изјави тој за новинарите на прес конференцијата, на која рече дека ги прифаќа резултатите.

Инџе рече дека ќе продолжи со својата борба, се додека Турција не стане подеднаква држава за сите.

На претседателските избори имаше уште четворица кандидати, од кои сите освоија под 10 отсто од гласовите.

На парламентарните избори Партијата за правда и развој доби 42,68 отсто гласови додека главната опозициска Народна републиканска партија освои 22,55 отсто гласови. Сојузникот на Ердоган, Партијата за национално движење доби 11,28 отсто гласови. Прокурдската Народна демократска партија освои 10,94 отсто гласови со што надмина цензус за влез во Парламентот.

За што гласаа граѓаните

Најголемото прашање за гласачите беше економијата. Турската лира е во постојан пад и инфлацијата изнесува околу 11%, иако економијата значително порасна во последниве години. Ердоган ја притиска централната банка да не ги зголемува каматните стапки и навести пред изборите дека може да ја ограничи нејзината независност.

Тероризмот беше уште едно клучно прашање, бидејќи Турција се соочува со напади од курдски милитанти и џихадисти од Исламската држава.

Ривалите на Ердоган го обвинија дека ги ограни граѓанските слободи во Турција и направи вовед во авторитарното владеење.
Турција е во вонредна состојба од неуспешниот државен удар во јули 2016 година, со 107.000 јавни службеници и војници отпуштени од своите работни места. Повеќе од 50.000 луѓе се во затвор во очекување на судење за пучот.

Овие избори требаше да се одржат во ноември 2019 година, но Ердоган ги свика порано.

Ердоган беше премиер 11 години пред да стане претседател во 2014 година. Според новиот Устав, тој може да се кандидира за трет мандат, откако неговиот втор мандат ќе заврши во 2023 година, што значи дека потенцијално би можел да ја задржи власта до 2028 година.

 

Ердоган избори Инџе Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.