https://www.youtube.com/watch?v=bCgiKLBMRPk

Сестрите Серена и Венус Вилијамс во саботата ја изгубија трката за злато во дубл конкуренцијата за жени, на олимпискиот турнир во Рио. Сестрите, кои го освоија златото на олимписките игри во 2000, 2008 и 2012, овој пат ги изненадија фановите уште на самиот почеток. Тие беа поразени од чешката двојка Луси Сафарова и Барбора Стрикова.

По нивниот пораз, кој не беше очекуван, на олимписките игри отпадна уште еден фаворит за златото. Новак Ѓоковиќ, кој беше соборен од Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, со солзи во очите го напушти теренот.

Ова беше нивниот 15 меѓусебен дуел, а Дел Потро синоќа ја имаше 4тата победа против Ѓоковиќ.

„Дел Потро изигра подобро и ја заслужи победата. Ова е еден од најтешките порази во мојот живот и мојата кариера. Раните се сè уште свежи.“ – изјави Ѓоковиќ за репортерите.