Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна СП во ракомет: Двете Кореи немоќни со Германија, Данска го преслуша Чиле

0
By Нова ТВ on January 10, 2019 СПОРТ
Фото: sport1.de
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 10, 2019 22:12

Симболика, историја и очекувано убедлива победа на Германија донесе првиот меч на 26. Светско првенство во ракомет. „Панцирите“ во Берлин го совладаа тимот на обединетиот тим на Кореја со 30:19 (полувреме 17:10).

На трибините на „Мерцедес Бенц арена“ присуствуваше германскиот претседател, Франк Валтер Штајнмаер и неколкумина министри во германската Влада. Во свечената ложа беше и првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, потоа Хасан Мустафа, претседател на Светската ракометна федерација (ИХФ), на чија иницијатива Корејците испратија заедничка репрезентација на мундијалот и голем број на други високи официјални лица.

Процесот на помирување на завојуваните земји од Корејскиот полуостров и намалување на меѓусебните тензии и нетрпеливост почна на минатогодишните зимските олимписки игри во Пјонгчанг, а сега е пренесен и на ракометната игра. Корејците се единствени што допатуваа на завршниот турнир во Германија со 22 играча за разлика од 18 колку што понесоа останатите селектори. Причината е благородна. Во селекцијата се вклучени и четворица ракометари од Северна Кореја кои добија прилика да ја почувствуваат мундијалската магија.

Фото: newsbeezer.com

За време на официјалниот протокол пред натпреварот, двете Кореи беа прикажани споени како една територија, беше изведена фолклорната песна „Ариранг“, неофицијална химна на Полуостровот, и истакнато сино-бело знаме какво што можевме да видиме на ЗОИ 2018.

Што се однесува до самиот меч, победникот не беше доводен во прашање во ниту еден момент. Корејците симболично поведоа со 0:1 за Германците потоа да преземат во свои раце и од минута во минута да ја зголемуваат предноста што не беше загрозена до крај на средбата.

Убедлива победа забележа и Данска, ко-домаќин на турниротт. Данците во „Ројал арена“ во Копенхаген и со пола сили го декласираа Чиле со 39:16 (полувреме: 22:4).

Македонија утре попладне (15.30 ч.) ќе игра против Јапонија во Минхен во премиерниот дуел во групата Б на СП 2019.

СП 2019 во ракомет

Група А

Кореја – Германија 19:30

Група Ц

Чиле – Данска 16:39

Германија Данска Кореја ракомет СП 2019
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.