Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна судењето за „Титаник“,Груевски го бранат шест адвокати

1
By Нова ТВ on April 2, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 2, 2018 11:21

Почна рочиштето за „Титаник“ , во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, неговиот шеф на кабинет Мартин Протуѓер, екс министрите Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Билјана Бришковска, пратеникот Илија Димовски , поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски. Во овој предмет обвинети се и разузнавачот Мунир Пепиќ, градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодорвски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

На стартот на судењето, повеќемина адвокати побараа одложување на денешното рочиште, за да имаат увид во списите од предметот. Исто така, адвокатите бараат и CD од СЈО со дополнителни докази за да можат целосно да се запознаат со предметот и да дадт воведни зборови.

Сите обвинети се во судницата на новата зграда на Кривичниот суд.

Груевски го бранат шест адвокати: Еленко Миланов,Димитар Дангов, Дончо НаковБоро Тасевски,Стерјо Зиков и Сања Алексиќ.

Ова е најобемниот предмет на СЈО. Според обвинението, обвинетите формирале злосторничко здружување  со цел да влијаат врз гласачите на парламентарните, локалните и претседателските избори кои се одржаа од 2011 до 2014 година. Тие, исто така се обвинети  за злоупотреба на пари за финансирање на изборната кампања и за незаконско пријавување на гласачи во изборниот список, без знаење на избирачите. За ова, тие ја користиле својата службена положба и моќ која ја имале за да влијаат врз гласачите, а се со цел партијата да остане на власт.

Според обвинението што СЈО го објави пред десет 10 месеци , на чело на ова злосторничко здружување бил екс премиерот Никола Груевски кој го организирал дејствувањето на групата и давал конкретни насоки и упатства  на другите обвинети .

„Титаник“ Груевски избори Јанкуловска СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.