Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подгорица: Притвор за двајца опозициски пратеници, го игнорирале судот

0
By Нова ТВ on November 30, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рано изутринава, по завршување на седницата на црногорскиот Парламент, полицијата го уапси пратеникот на опозицискиот Демократски фронт, Небојша Медојевиќ, кој е спроведен во затворот Спуж.

Тој е притворен по наредба на претседателот на Вишиот суд, Борис Савиќ поради повеќемесечно одбивање да даде исказ во предмет кој се води против него.

Медојевиќ и неговиот колега Милан Кнежевиќ, кому исто така му е одреден притвор, повеќе месеци одбиваат да достават податоци за судијата кој наводно понудил 10.000 евра за да укине пресуда поради напад на полицаец во 2015 година.

По апсењето на Медојевиќ, од ДФ предупредија дека Црна Гора се наоѓа на работ на граѓанска војна, а Кнежевиќ порача дека нема доброволно да и се предаде на полицијата и со колегите ќе остане во Парламентот.

На прес-конференција пред Парламентот на Црна Гора, еден од лидерите на ДФ, Андрија Мандиќ ја оцени одлуката за апсење на Медојевиќ како скандалозна, додавајќи дека ДФ побарал итен состанок со претседателот на Собранието, Иван Брајовиќ.

– Ова никогаш досега не се случило во Црна Гора, пратеник за искажан збор, без одземање на имунитет, да се стави в затвор. Тоа е огромен скандал и според проценките на ДФ, Црна Гора се наоѓа на работ на граѓанска војна, нагласи Мандиќ.

апсење Кнежевиќ Медојевиќ опозиција пратеник Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.