До Државната изборна комисија (ДИК), заклучно со вчерашниот ден, се поднесени вкупно 23 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори 2021.

Седум приговори до ДИК поднела политичката партија ТМРО кои се однесуваат на избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане.

Седум приговори се поднесени и од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на избирачките места 2966/1 и 2958/1 во Општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во Општина Конче, избирачките места 835, 874 и 865 во Општина Кочани и избирачкото место 882 во Општина Чешиново-Облешево.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднела еден приговор, кој се однесува на избирачкото место број 1532 во Општина Пробиштип.

Пет приговори се потпишани од ДУИ кои се однесуваат на избирачките места број 2341, 2352 и 2355 во Општина Студеничани и избирачките места број 2107 и 2108/1 во Општина Желино.

Три приговори се од Група избирачи Енвер Пајазити, кои се однесуваат на избирачките места број 2037, 2040/1 и 2038 во Општина Брвеница.