Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политико: „Вечни хемикалии“ пронајдени во крвта на највисоките европски функционери

0
By Marija Todorovska on January 31, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, СВЕТ
Фото: relevantmagazine.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 31, 2024 14:47

Еколошките невладини организации идентификуваа токсични „вечни хемикалии“ во крвта на највисоките функционери на Европската унија, како дел од кампањата за воведување европска забрана за хемикалиите и покрај силното противење на индустријата, објави денеска Политико.

Секој од 16-те политичари и јавни личности кои учествуваа во истражувањето, во кое беа вклучени извршниот заменик-претседател на Европската комисија за дигитален развој и комесар за конкуренција Маргрете Вестагер, поранешниот извршен потпретседател на Европската комисија за зелен план и комесарот за заштита на климата Франс Тимерманс и Европскиот комесар за заштита на животната средина Вирџинијус Синкевичиус, имале најмалку седум видови токсични хемикалии ПФАС (PFAS) во крвта. Во пет случаи, количината „го надминала применливиот безбедносен праг“ за овие хемикалии.

Хемикалиите ПФАС, кои многу се користат во секојдневните предмети како што се нелепливи тави и кабаници и во производството на полупроводници и батерии, се поврзани со низа сериозни болести, вклучувајќи рак и неплодност. Тие се познати и како „вечни хемикалии“ бидејќи не се разградуваат природно во околината, а се пронајдени во примероци од дождовница, почва и мајчиното млеко.

Тестовите на крвта, спроведени од Европската агенција за животна средина (EEB) и ChemSec, се дел од кампањата за подигање на свеста предводена од невладините организации, бидејќи ЕУ размислува за потенцијална забрана за хемикалиите.

Европската комисија вети дека постепено ќе ги забрани хемикалиите ПФАС поради нивното влијание врз животната средина и здравјето, освен во случаите кога ќе се докаже дека се незаменливи и „суштински“ за општеството.

Но, предлогот на пет европски земји да ги забранат предизвика голем отпор од голем број сектори кои во моментов зависат од нив, предупредувајќи дека новите мерки ќе и наштетат на европската конкурентност.

Со цел постепено да се исфрлат хемикалиите ПФАС, треба да се помине долг процес. Комисиите на Европската агенција за хемикалии мора прво да го изнесат своето мислење за предлогот за забрана до Комисијата, а за тоа не е дефиниран рок.

ЕУ токсични хемикалии функционери Хемикалии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.