Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Полициски час“ од 16 до 5 часот: За Велигден е можен ден повеќе во карантин

0
By Нова ТВ on April 13, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 13, 2020 10:42

По 61 часовен полициски час на територијата на целата држава, освен за категориите на граѓани со дозвола за движење, од утрово повторно има раздвиженост на луѓе и сообраќај по улиците. Владината мерка за спречување на ширењето на коронавирусот во земјава останува на сила како што е определена за работните денови – од 16 часот попладне до 5 часот наутро.

За претстојниот Велигден, пак, се размислува движењето да биде ограничено за дополнителен еден ден, најверојатно понеделник, односно забраната да важи од петок попладне (16 часот) до вторник наутро (5 часот). Таква можност вчера најави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека овој предлог ќе се разгледа на денешната седница на Владата.

 

Во сила е забраната и за групирање на повеќе од две лица, освен за родители со деца до 14 години. На повозрасните лица од 67 години дозволено е движење од домот од 10 до 12 часот, а на младите до 18 години – од 13 до 15 часот. Сопствениците на кучиња може да ги изнесат своите миленици надвор на пола час, од 20 до 20.30 часот и притоа да не бидат подалеку од 100 метри од објектот во кој живеат.

Движењето за време на полициски час им е дозволено само на категории граѓани кои имаат работни обврски и поседуваат дозволи што ги издава Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). За барање за дозвола може да се аплицира на порталот uslugi.gov.mk.

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ претпладнево продолжија да сообраќаат со двократно работно време – од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот. Распоредот е по саботен возен ред, а кога се првите и последните поаѓања на автобусите на ЈСП е појаснето на веб-страницата на претпријатието.

Велигден Влада Коронавирус мерки полициски час
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.