Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полуфинале на СП во ракомет: Данска на Германија, Франција на Норвешка

0
By Нова ТВ on January 23, 2019 СПОРТ
Фото: handball19.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Данска – Франција и Германија – Норвешка се полуфиналните двојки на 26. Светско ракометно првенство. Ова е епилогот по дуелите од последното коло во главната групна фаза на турнирот.

Германците завршија како лидери во групата Е во Келн по триумфот над Шпанија со 31:30, откако Хрватска, претходно, ` го нанесе првиот пораз на Франција 23:20 и обезбеди место во квалификациите за Олимпијадата во Токио во 2020 година.

Ако полуфиналистите од групата Е беа познати на коло пред крајот, тогаш се беше отворено во групата Ф. Норвешка беше убедлива во дуелот со Унгарија (35:26) и се проби на второто место на кое и остана на крајот благодарение на победата на Данска над Шведска со 30:26.

Полуфиналните мечеви на СП 2019 се закажани за петок во Хамбург. Од 17.30 часот ќе играат Данска и Франција, од 20.30 часот ќе биде и пресметката на Германија и Норвешка.

Големото финале и мечот за бронзениот медал ќе бидат во недела во Хернинг каде ден порано ќе се судрат Хрватска – Шведска за петто место и Шпанија – Египет за седмата позиција. Титулата на шампионатот ја брани Франција.

СП во ракомет – главна фаза

Група Е, 5 коло

Германија – Шпанија 31:30

Франција – Хрватска 20:23

Бразил – Исланд 32:29

Табела: Германија 9, Франција 7, Хрватска 6, Шпанија 4, Бразил 4, Исланд 0.

Група Ф, 5 коло

Данска – Шведска 30:26

Норвешка – Унгарија 35:26

Тунис – Египет 23:30

Табела: Данска 10, Норвешка 8, Шведска 6, Египет 3, Унгарија 3, Тунис 0.

Двојки за полуфинале

Данска – Франција (петок, 17.30 ч.)

Германија – Норвешка (петок, 20.30 ч.)

За петто место: Хрватска – Шведска (сабота, 20.30 ч.)

За седмо место: Шпанија – Египет (сабота, 17.30 ч.)

Германија Данска Норвешка Ракомет (м) СП 2019 Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.