Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поп Ацев: Тактиката ми донесе резултат – подиум во Охрид и лидер во генералниот пласман

0
By Нова ТВ on August 26, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Евгениј Поп Ацев ја оствари целта на годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон. Тактиката што ја подготви за четвртата трка од светската гранпри серија во ултрамаратони на ФИНА му донесе резултат. Не победи во македонскиот туристички бисер, но и освоеното второ место беше доволно за преземање на врвот во генералниот пласман на две станици до крај на сезоната (Цриквеница – Нови Винодолски во Хрватска и Капри – Неапол во Италија).

„Мојата тактика беше да држам темпо со Рајмон Аксел, да пливам рамо до рамо со него и да бидам на подиумот. Имав сила за тоа и успеав. Задоволен сум од настапот во Охрид и среќен што избив на чело во генералниот пласман“, истакна Поп Ацев кој по четири трки во 2019 година има 230 бода, седум повеќе од Италијанецот Едуардо Стокино.

Времето со кое Евгениј Поп Ацев ја исплива 25 километарската рута од Свети Наум до охридското пристаниште беше 5:21:03 часа или осум секунди побавно од победничкото на Французинот Рајмон Аксел (5:20:55 часа) кој беше лауреат во Охрид и во 2013 година. Минатогодишниот победник Франческо Гетини од Италија го освои третото место со резултат 5:21:09.

Победничкиот венец кај девојките го доби Италијанката Аличе Франко која на целта пристигна со време од 5:41:15 часа пред Ерика Јенсен од Аргентина (5:42:31 часа) и нејзината сонародничка и водечка во генералниот пласман во женска конкуренција, Пилар Геихо (5:50:30 часа).

Евгениј Поп Ацев Маратон Охрид пливање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.