По повод една година од почетокот на војната во етиопската област Тиграј, премиерот и Нобелов лауреат за мир, Абиј Ахмед, денеска со порака пред сограѓаните дека „непријателите ќе бидат закопани со наша крв“.
Британските медиуми забележуваат дека пораката на Ахмед доаѓа по само еден ден од прогласена вонредна состојба во земјата, откако силите на Тиграј се заканија со поход кон главниот град.
Дупката што беше ископана, ќе биде многу длабока. Непријателот ќе биде закопан во неа, а не онаму каде Етиопија се дезинтегрира. Ќе го закопаме овој непријател со нашата крв и коски и ќе ја направиме Етиопија повторно славна, рече Ахмед, добитник на Нобеловата награда за мир во 2019 година, од воениот штаб во Адис Абеба.
Со едноминутно молчење и палење свеќи беше оддадена почит на загинатите на 3 ноември 2020 година, кога силите лојални на Народноослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ) ги окупираа воените бази во Тиграј.