НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пораки од Париз: С. Македонија заслужува старт на преговорите, Бугарија под притисок

0
By Sashko on June 11, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на Советот на министри и Самитот на Европската Унија (ЕУ), францускиот претседател Емануел Макрон порача дека С. Македонија заслужува почеток на преговорите за членство во Унијата без одложување, додека експертот за Балканот од универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, Даниел Сервер очекува од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да изврши зголемен притисок врз Бугарија за откочување на евроинтегративниот процес на земјава. Во исто време, од Софија стигна порака дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е меѓу клучните приоритети на надворешната политика на Бугарија.

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа од пред Елисејската палата во Париз му порача на премиерот Зоран Заев дека земјава заслужува да ги почне преговорите без одложување

– Патот на Македонија беше извонреден. Денес ве примам како сојузник во Париз неколку дена пред Самитот на НАТО. Со полна поддршка на Франција, вашата земја станата членка на Алијансата, откако стави крај на разликите со Грција. Договорот од Преспа што вие го изработивте, драг Зоран заедно со Алексис Ципрас заслужува да се нарече историски. Вие покажавте голема политичка храброст за да успеете и да го убедите вашиот народ. Сакам да потсетам дека овде ништо не беше напишано однапред, вие го изградивте и носевте со Алексис Ципрас и го зацврстивте, нагласи Макрон.

Осврнувајќи се одлуката за почеток на преговорите за членство на С. Македонија со ЕУ и на исполнетите услови, францускиот претседател нагласи дека е време за нејзина реализација.

– Време е да се конкретизира ова одлука и ние ќе работиме да се најде решение за почеток на преговорите. Вашата земја заслужува да ги почне преговорите со ЕУ без одложување, додаде Макрон.

Премиерот Заев од своја страна оцени дека предлозите на португалското претседателство со ЕУ претставуваат добра основа за решение.

– С. Македонија е подготвена за дијалог што ќе ни донесе прифатливо решение во рамките на Договорот за пријателство со Бугарија. Тоа значи дека прашањето за македонскиот јазик и македонскиот идентитет не треба да се најдат на преговарачката маса, нагласи премиерот Заев.

Експертот за Балканот, Даниел Сервер нагласи оти очекува од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да изврши зголемен притисок врз Бугарија за откочување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, додавајќи дека смета оти претпристапните преговори меѓу Скопје и Брисел за членство на нашата земја во ЕУ треба да се отворат во јуни.

Тој очекува американската администрација да изврши притисок врз официјална Софија за изнаоѓање на брзо решение во однос на „апсурдните барања до С. Македонија“ поврзани со јазикот и со историјата, што, според него, е причина за фрустрација во многу европски центри и во Вашингтон.

– Администрацијата ќе изврши голем притисок што ќе ја оптоварува Бугарија. Иако не сум убеден дека некој во Софија го слуша тоа, изјави Сервер.

Амбасадорот на Словенија во ЕУ, Изток Јарц, изјави дека проширувањето и пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија сe од голема важност за словенечкото претседателство со ЕУ, кое започнува на 1 јули. Тој истакна дека Словенија за време на своето претседавање со ЕУ ќе продолжи да работи на процесот на проширување на Унијата, согласно новата методологија за преговори и се надева дека тоа ќе помогне да се засили ЕУ перспективата за земјите од Западен Балкан.

Јарц додаде дека е можно веќе идната недела да се разговара за односите меѓу Бугарија и С. Македонија на амбасадорско ниво, во пресрет на Советот за општи работи и заеднички работи на 22 јуни на кој треба да се донесе одлука за одржување на првата меѓувладина конференција.

 

– За Словенија е важно да се промовира интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ и се разбира да се надмине застојот помеѓу Бугарија и С. Македонија. Ние сме многу благодарни за дипломатската работа на Португалија во овој поглед и, колку што знам, темата треба да се дискутира идната недела, изјави амбасадорот на Словенија во ЕУ, изразувајќи надеж дека меѓувладините конференции со С. Македонија и Албанија ќе се одржат што е можно поскоро.

Претставувајќи ги надворешно-политичките приоритети на неговата земја пред дипломатскиот кор акредитиран во Софија и пред претставници на 83 земји и меѓународни организации, шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев вчера изјави дека европската интеграција на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и на Северна Мекедонија, е меѓу клучните приоритети на надворешната политика на Бугарија.

Тој нагласи дека поддршката на Бугарија за земјите од Западен Балкан е конзистентна и се заснова на клучни принципи за следење на критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја кандидат за членство и инсистира во Преговорачката рамка за С. Македонија да се земат предвид и нејзините забелешки.

 

Истакнувајќи го континуитетот и политиката на Бугарија во однос на европскиот пат на С. Македонија, Стоев нагласи дека Софија, во последните години, изразила загриженост за спроведување на билатералниот договор од 2017 година.

Според Стоев, Бугарија и натаму ќе биде еден од најсилните поддржувачи на процесот на проширување на Унијата, што се докажа за време на бугарското претседавање со ЕУ и при заедничкото копретседавање со земјава со Берлинскиот процес во 2020 година.

И шефот на бугарската држава Румен Радев во видеоконференциски разговор со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли порача дека неговата земја принципиелно и доследно ја поддржува европската интеграција на С. Македонија. Румен Радев посочи дека Бугарија очекува одржливи резултати во процесот на градење добрососедски односи и во тој поглед е најважен „директен и отворен дијалог меѓу двете најблиски земји на Балканот за да се постигне вистински напредок“.

Бугарија Емануел Макрон ЕУ Зоран Заев Македонија поддршка преговори притисок Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.