Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пораки преку медиумите, во очекување на посетата на Коѕијас

0
By Нова ТВ on February 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 27, 2018 08:32

По вчерашните јавно изнесени ставови во неколку странски медиуми на македонскиот премиер Зоран Заев и пишувањето на повеќе грчки весници кои се повикуваат на високи владини извори, преговорите за решение на проблемот со името влегуваат во критична фаза.

Премиерот Заев во интервјуата објавени во германскиот весник Шпигел и за тв мрежата Еуроњуз, истакнува неколку точки кои се неприфатливи за нашата за Македонија: Име кое нема да се преведува на другите јазици, промена на Уставот и дека нема разговори за идентитетот, туку параграф за државјанството.

-Уставот е домашна книга и нема последници надвор од земјата, поради тоа нема потреба да се смени, рече Заев во интервју за Еуроњуз.

Тој смета дека доволна е ревизијата на Уставот од 1993 година која се направи поради чувствата на, како што рече, нашите пријатели Грците и за да се чувствуваат поудобно направена е и втора ревизија.

Премиерот Заев во интервју за германскиот неделник Шпигел го отфрли барањето на грчката страна, компромисното решение за името да не може да се преведува на други јазици и да се користи во оригинална транскрипција.

-Не гледам тука никаков рационален аргумент. Не ми е јасно како тоа би се применило во праксата воопшто да не се преведува името. Треба ли да ја присилиме канцеларката Меркел или претседателот Трамп да кажат Северна Македонија ( North Macedonia). Tоа би било меѓународен преседан, вели Заев.

Пораки преку медиуми

Алтернативениот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос бара трајно и комплетно решение, кое во иднина нема да се промени и нема да остави простор за иредентизам, и дека тоа се двете карактеристики на договорот што Грција го посакува со Македонија.

Грчката опозиција преку одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, упати остри критики до грчката Влада дека не ги информира ниту партиите, ниту граѓаните, за преговорите со името, а единствените информации пристигнуваат или од странство или од медиумите.

Вчера весникот „Катимерини“, објави дека предлог договорот е готов и содржи седум точки, од името и спектарот на употребата, јазикот, идентитетот, кратенките и акронимите и друго.

Весникот „Та Неа“ пишува дека во Нацрт спогодбата која Грција ќе и ја испорача на Македонија , грчките власти ќе предложат новото име да биде на македонски јазик, непреведено и напишано слеано во еден збор.

Документот изготвен на 20 страници, Ципрас му го претставил и на Меркел и Јункер. Во грчката нацрт спогодба се содржани четири од петте имиња од почетниот пакет идеи на Нимиц, бидејќи предлогот „Република Македонија – Скопје“ веќе бил отфрлен уште на средбата на Алексис Ципрас и Зоран Заев во Давос.

– Се чини дека Атина преферира новото и постојано име да е напишано на словенски, да биде непреведено, но и еден збор (на пр. Горнамакедонија или Новамакедонија). Клучно за Атина е прашањето за промената на Уставот на Скопје, пишува „Та неа“ .

Овој договор веќе бил кај Ципрас и како што објавува Катимерини, тој или ќе биде прифатен во целост или воопшто нема да биде прифатен.

Ваквата спогодба за првпат  минатиот месец ја спомена министерот Коѕијас во интервјуто за државната ТВ ЕРТ.

Тој тогаш најави дека спогодбата во Скопје ќе ја донесе лично, со авиолинијата која во духот на соработката треба да профункционира за првпат на релација Атина- Скопје, на аеродромот, кој од неодамна е преименуван во Меѓународен аеродром Скопје, наместо доегашното име „Александар Велики“.

Грција ќе отстапи во замена за нешто поважно

Поранешниот амбасадор  Ѓорѓи Спасов за Нова вели дека треба да се има предвид дека ова е сепак се уште старт на разговорите за разликите околу името во кој Грција настапува со позиции кои делуваат максималистички па и неразумни. Спасов  е сигурен  дека Грците  ќе направат отстапки во замена за нешто што им е поважно.

-Ако Македонија се согласи за име во меѓународната комуникација со географска одредница,  односно со замена на сегашната референца Поранешна Југословенска Република Македонија со на пример: „Западно европска Република Македонија„ тогаш Грција незвисно од тоа што напишала во Договорот за добрососедство, ќе прифати тоа име да се користи на англиски и на сите јазици на кои се преведува најнормално. Тоа е стандардна јазична норма во светот и секое измислување или обид за наметнување на други стандарди нема светот да го разбере како искрен однос на Грција за надминување на спорот околу името, вели Спасов.

 

Грција Македонија преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.