Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последен ден за пријавување на спорните гласачи

0
By Нова ТВ on August 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 19, 2016 10:36

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе работи до 19 часот, а апликацијата ќе биде достапна до 24 часот, со цел граѓаните кои се најдоа на списокот на спорни гласачи да можат да го докажат денеска своето гласачко право.

Согласно договорот на партиите – потписнички на Пржино,  вкупно 39. 502 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список до 19 август треба самите да го докажат своето гласачко право.

Граѓаните уште денеска може да се пријават лично, во подрачните единици на Државната изборна комисија, како и во канцелариите на Управата за водење на матични книги, каде ќе мора да приложат важечка лична карта или пасош.

Втора опција е пријавување на веб страницата на ДИК каде поставена е и апликација за електронско пријавување. Тие ќе треба да го внесат матичниот број и да испратат скенирана копија од лична карта или пасош. Во спротивно, гласачите кои нема да се јават ќе бидат избришани од Избирачкиот список и нема да имаат право да гласаат на претстојните избори.

Според договорот,  три или повеќе члена на ДИК можат да побараат дополнителна проверка за кое било име.

Спорниот гласач може да биде побарано да се појави лично ако живее во земјата или преку видеоконференција ако живеат во странство. Овие проверки ќе траат дополнителни 10 дена по 25-дневниот период за пријавување кој истекува денеска.

Досега во ДИК се пријавиле вкупно 6 . 984 граѓани. Тоа значи дека остануваат спорни 32. 518 гласачи кои доколку до крајот на денот не се пријават, ќе го изгубат гласачкото право.

Екс претседателот на ДИК Александар Новаковски ја повика Државната изборна комисија двапати да размисли пред да пресече дека тие лица кои не се пријавиле се непостоечки и треба да се избришат од Избирачкиот список.

-Прво е неинформираноста на граѓаните. ДИК ја почна кампањата многу доцна. Ако не се докаже дека овие лица не постојат, тие не може да се избришат туку така, бидејќи правото на глас, загарантирано со Уставот е над сите законски измени донесени врз партиски договор. Државата е должна да направи се, па ако треба ДИК и поединечно да констатира за секој гласач и да образложува за да се утврди зошто едно лице би немало право да гласа, изјави Новаковски за НОВА.

Партискиот договор за спроведување на избори наиде на критики кај стручната јавност, но и пратениците во Собранието. За време на гласањето на измените, независната пратеничка Грчева ги повика граѓаните да се пријавуваат маскирани преку Скајп, а доколку ги нема на избирачкиот список, а имаат право на глас да ги тужат партиите.

Дик Избирачки список избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.