Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поткуп: Апелација ќе одлучува за снимката на Јутјуб од ПИ мерките

0
By Нова ТВ on December 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 25, 2017 08:32

Денеска во 11.30 часот Апелациониот суд ќе ја одржи јавната седница на која треба да одлучува по жалбата на адвокатите на премиерот Зоран Заев, за тоа дали  видеото од посебните истражни мерки, кое беше објавено на „Јутјуб“, може да биде доказ во постапката.

Пред одржување на седницата на Апелацискиот суд, судење за „Поткуп“ е закажано во Кривичниот суд, потврдија од Судот.

Последната седница во Апелацискиот суд беше одложена бидејќи судијата известител за овој случајот е избран за судија во Врховен суд. Седницата беше одложена на неопределено време.

Адвокатите на Заев, претходно, од Кривичниот суд побараа да ги издвои овие снимки од доказниот материјал, но Судот го одби нивното барање и донесе решение тие да бидат доказ, по што поднесоа жалба до Апелацискиот суд.

Одбраната и Заев бара снимките да не бидат доказ бидејќи веќе биле објавени во јавноста, односно делови од нив биле ставени на видеосервисот „Јутјуб“, а потоа преземени и објавени од медиумите.

Претходната расправа во Апелациониот суд по жалба на адвокатите на Заев беше одложена на неопределено време. Причината за одлагањето е тоа што судијата Африм Фидани стана врховен судија. Судија известител за предметот, како што е објавено на веб-страницата на судот, е новоизбраната апелациона судијка Тања Милева, која е сопруга на членот на ДИК, Игор Милев, кој, пак, поднесе оставка на функцијата.

Судијката поради непристрасно одлучување побарала да биде изземена од одлучување за случајот.

Според обвинителството, Заев, во својство на службено лице, градоначалник на Струмица, од струмички бизнисмен побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое бизнисменот бил заинтересиран да го приватизира. Во обвинението пишува дека една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Заев, пак, тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот, но до денеска од неа нема ништо.

Апелација видео доказ Заев Јутјуб ПИ мерки поткуп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.