Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потпретседателката на шпанската Влада: Пучдемонт ќе биде обезвластен

0
By Нова ТВ on October 23, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 23, 2017 11:44

Претседателот на Каталонија, Карлес Пучдемонт, ќе ги изгуби сите овластувања и ќе престане да прима плата кога Сенатот ќе го одобри членот 155 од шпанскиот Устав со кој се воведува директна контрола на централната влада над тој регион, рече потпретседателката на шпанската влада Сораја Саенс де Сантамарија.

Сораја Саенс де Сантамарија изјави дека Мадрид би можел привремено да постави претставник кој ќе управува со Каталонија откако Сенатот ќе ја одобри директната власт над таа покраина, пренесува Ројтерс.

Се очекува шпанскиот Сенат во петок да ги усвои мерките кои пред два дена ги предложи шпанската влада за распуштање на каталонската влада и распишување на вонредни избори во наредните шест месеци.

Од друга старана, портпаролот на каталонското министерство за надворешни работи, Раул Ромева, наведе дека Европската Унија ќе го изгуби кредибилитетот ако дозволи Мадрид на Каталонија да и наметне директна власт и истакна дека само каталонскиот народ има право да ги менува регионалните институции.

„Како ЕУ може да живее со таква ситуација доколку се случи“, рече Ромева во изјава за БИ-БИ-СИ радио, одговарајќи на прашањето како каталонската регионална влада ќе ја спречи шпанската влада да наметне директна власт во Барселона.

„Како ЕУ може да биде кредибилна ако дозволи тоа да се случи? Народот и институциите на Каталонија тоа нема да го дозволат“, истакна Ромева.

Претставниците на каталонските партии денеска ќе се состанат за да го договорат датумот и дневниот ред за седницата на регионалниот парламент, на која би имало можност за ново еднострано прогласување на независност.

Шпанската влада во саботата одлучи да започне процес за примена на членот 155 од Уставот, со кој на централната влада ќе и се пренесат овластувањата на каталонската администрација.

За тие мерки, со кои би се суспендирала регионалната влада на Каталонија, во петок на 27. октомври ќе треба да се изјасни и Сенатот, во кој владејачката Народна партија на премиерот Маријано Рахој има мнозинство. Се очекува дека тој ќе ја добија поддршката од опозициските сенатори за мерките насочени за зачувување на единствена Шпанија.

Карлес Пучдемон Каталонија Маријано Рахој референдум Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.