Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повеќе од 100 мигранти се исчезнати во „најстрашната несреќа во Медитеранот оваа година“

0
By Нова ТВ on July 27, 2019 СВЕТ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 27, 2019 11:13

Повеќе од 100 мигранти се исчезнати или се стравува дека се удавени по превртување на брод крај брегот на Либија.

„Бројката на исчезнати се искачи на 115 лица, а 134 се спасени“, изјави Ајуб Касем, портпарол на либиската морнарица.

Агенцијата за бегалци при Обединетите нации (ОН) претходно објави дека 150 лица се водат како исчезнати.

Бродот испловил од Ал Хомс, град на 120 километри источно од Триполи, и во него, според искази на дел од преживеаните, имало околу 250 патници.

Филипо Гранди, висок комесар на ОН за бегалци, ја опиша несреќата како „најголема трагедија во Медитеранот во оваа година“. Притоа го повтори и својот став дека спасените мигранти не треба да се вратат во Либија каде се задржуваат во центри за притвор, но и поради нестабилната политичка ситуација во земјата на африканскиот север.

Либиската крајбрежна стража, пак, вратила најмалку 84 мигранти во центарот за притвор Тајура, според објавата на Твитер на портпаролот на УНХЦР. Објектот во текот на овој месец претрпе воздушен напад пришто загинаа најмалку 50 лица, а 130 беа повредени.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека е ужаснат од најновата бродска несреќа во Медитеранот.

„Потребни се безбедни и легални рути за мигрантите и за бегалците“, е неговата порака на Твитер.

Во текот на неделата, претставници на УНХЦР и на Интернационалната Организација за Миграција (ИОМ) одржаа средба со европските држави на која разговараа за ситуацијата во Медитеранот и повикаа на превенција за загубите на човечки животи во Либија.

Либија важи за центар за транспорт на мигранти кон Европа, а извештаите на УНХЦР укажуваат дека 34.196 лица ги ризикувале своите животи по потрага по подобро утре во 2019 година.

бегалци брод Либија Медитеран Мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.