Најмалку 500 лица се евакуирани од седум места во Севилја поради пожар, соопштија денеска шпанските власти.

Според информациите од регионалната министерка за правда Андалузија Розе Агилар, околу 500 луѓе се евакуирани во текот на ноќта, а околу 120 сместени  во јавните библиотеки, спортски центри и училишта.

Во гасење на пожарот учествуваат повеќе од 130 пожарникари.