Најмалку девет луѓе загинаа во пожар што од четвртокот беснее во северна Калифорнија додека на југот под опасност од огнена стихија што брзо напредува е познатото летувалиште Малибу.

„Со тага потврдувам дека досега имаме девет загинати“, изјави Кори Хонеи, шериф на округот Бат.

Полицијата пронашла пет жртви во градот Парадајз северно од главниот град Сакраменто каде 26.000 жители добија наредба за итна евакуација. Десетици лица се сметаат за исчезнати.

Малибу, пак, е во состојба на тревога поради силниот пожар што изби претходниот ден на 20-на километри северно од градот. Неколку познати личности кои живеат таму мораа да бидат евакуирани меѓу нив и Ким Кардашијан, Алис Милано и мексиканскиот режисер Гилермо дел Торо.