Русија и Белгија го заокружија четвртфиналниот октет на Евроското првенство во кошарка за жени што моментно се одржува во Србија и во Летонија.
Руските кошаркарки во осминафиналето ја елиминираа Италија со 63:54, но триумфот го осигураа во по последниот период во кој направија серија од 7:0 по што противникот немаше сили за ново враќање во мечот. Вадеева со 19 поени беше најефикасна кај „зборнаја“, прв стрелец на теренот беше Италијанката Зандаласини со 24 коша.
Белгијките, пак, во осминафиналето беа подобри од Словенија со 72:67. Ги предводеше извонредната Жули Алеман која уфрли 25 поени додека триото Барич, Еванс и Облак реализираа по 15 за поразената селекција.
ЕП во кошарка (ж)
Осминафинале
Белгија – Словенија 72:67
Италија – Русија 54:63
Шведска – Летонија 77:62
В. Британија – Црна Гора 92:71
Двојки за четврт-финале
Унгарија – В. Британија (4 јули, 12.30 ч.)
Шпанија – Русија (4 јули, 15 ч.)
Белгија – Франција (4 јули, 18 ч.)
Србија – Шведска (4 јули, 20.30 ч.)