Јован Јаулески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, се огласи преку Фејсбук со пост во кој наведе дека Финансиска полиција утрово влегла во неговиот дом и врши претрес.

Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши. Од 5:30 часот до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција, стои во постот на Јаулески.

Со ова, тој алудира на форма на притисок од власта во пресрет на денешното гласање во Собранието за (не)доверба на Владата.