Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците на потег: Се чека одговор за автентичното толкување на член 11-а

0
By Нова ТВ on December 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи на редовната средба денеска треба да се договорат дали и кога Законодавно-правната комисија ќе заседава и ќе го разгледа барањето на СДСМ за автентично толкување на членот 11-а од Законот за помилување.

Целта на автентичното толкување, според подносителите, е да се спречат обидите за избегнување на правдата и обезбедување неказнивост за сериозни кривични дела, односно активирање на незаконските помилувања дадени од поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а во контекст на можната одлука на Уставниот суд за укинување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година.

Фото: meta.mk

Од Кабинетот на Џафери информираат дека барањето за автентично толкување што пристигнало во петокот веднаш е проследено до пратениците.

Уставниот суд во средата одлучи да поведе постапка за оценување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година. Членот 11-а овозможува претседателот на државата да повлече веќе донесена одлука за помилување. Тоа, според правните експерти, може директно да влијае врз актуелните обвиненија и истраги, и предметите што ги почна СЈО врз основа на прислушуваните разговори. Дополнувањето на членот 11, со став 11 а, го направи претходниот собраниски состав кога мнозинството во Парламентот го имаше коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука за аболиција на педесеттина лица во 2016 година, но по протестите и реакциите од меѓународната заедница ја повлече одлуката.

Министерката за правда, Рената Тренеска Дескоска побара автентично толкување од Собранието, а пратеничката група на СДСМ во петокот го достави до претседателот на Парламентот Талат Џафери. Според собраниската процедура, барањето за автентично толкување најпрвин треба да помине низ ситото на Законодавно-првната комисија.

Во Законодавно-правната комисија мнозинство немаат ниту владејачките партии, ниту опозицијата, но тоа не значи дека автентичното толкување на СДСМ нема да добие поддршка. Освен од СДСМ, пратениците од најголемите партии ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се уште директно не кажале во јавноста како ќе гласаат. Помалите парламентарни партии како ЛДП, Алијанса за Албанците и Движењето Беса посочуваат дека не поддржуваат амнестија.

Министерката Дескоска во петокот го повика Собранието да даде автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување. Зад овој повик застанаа пратениците на СДСМ и поднесоа барање за автентично толкување. Собранието, како што очекуваат од владејачката партија, треба да ги искористи своите механизми и со автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување да  потврди дека членот 11 на кој поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги засноваше своите масовни помилувања, не постоел, односно дека одлуката на Уставниот суд од март 2016 година за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, не го оживеал стариот член 11 од законот.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев вчера имаше видео обраќање во кое наведе дека изминативе две и пол години се покажа дека судството останало последната тврдина на „заробената држава“, под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции. Според него, овие последни упоришта на „заробената правда“ продолжиле да ги контролираат судските процеси во кои беа осомничени токму протагонистите на режимот.

Од СДСМ побараа од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да ги повика пратениците од неговата партија да го поддржат автентичното толкување. Според власта, опозициската партија стои зад иницијативта прес уставен суд. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, немаат јасен став како ќе гласаат нивните пратеници, а сè уште е непознато, исто така, како ќе се изјаснат и поранешните нивни пратеници кои ја формираа Независната пратеничка група. Официјален став викендов немаше ниту од ДУИ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција вчера рече дека нема граѓанин кој не е согласен со фактот дека криминалците остануваат неказнети и дека правниот систем е целосно девастиран и оти токму во овие моменти, власта на маса ја става темата со Уставниот суд, која исклучиво му одговара на Заев и СДСМ и тоа за да се вратат старите теми и да не се одговара за актуелните скандали.

Тврди дека не поддржува аболиција и оти темата со Уставниот суд покажала дека мора да има механизми за заштита од злоупотреба на амнестијата како алатка. Бара да се направат законски измени со кои ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија, да се занимава со политика или да врши јавна дејност во државата и да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика.

За лидерот на ЛДП Горан Милевски неделава што следи маските ќе паднат кај сите бидејќи конечно ќе видиме кој е оној во оваа држава што се бори за правдата и кои се оние мрачни сили кои сакаат да ја држат Македонија и да има привилегирани луѓе за кои законот нема да важи односно ќе ги штити криминалците.

Фото: tetovasot.com

Доколку не помине автентичното толкување за Законот за помилување предложен од владејачката СДСМ, а кое е поврзано со враќање во игра на амнестиите за функционери на поранешната Влада од страна на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Милевски вели дека за него ќе се доведе во прашање и владината коалиција.

„Јас ја доведувам во прашање и владината коалиција како таква ако ова не мине во Собранието, а исто така ова е една голема можност за ВМРО-ДПМНЕ да каже дали ќе продолжи по патот на заштита на криминалците или навистина ќе се огради од нив и навистина ќе го поддржи предлогот на министерката Дескоска за автентично толкување на овој закон“, рече Милевски.

Собранието, како што истакна тој, мора да донесе одлука за автентично толкување на законот.

ДУИ официјално не се изјаснува со свој став, но дел од медиумите повикувајќи се на партиски извори објавија дека тие пред да изградат свое мислење ќе консултираат правни експерти.

Закон за помилување Македонија пратеници Собрание Член 11
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.