Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог Буџет за 2022 година: Расходите – 272,4 милијарди денари, приходите – 238,9 милијарди денари, инфлацијата – 2,4 проценти

0
By Sashko on November 4, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлог Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година на 15 ноември ќе влезе во Собрание, каде десет дена ќе се расправа по него на седница на матичната Комисија за финансирање и буџет. Во тој временски период ќе има амандманска расправа, по што тој ќе биде вратен во Владата која ќе изготви дополнет предлог со евентуално прифатени амандмани, по што ќе се врати на пленарна седница на Собранието. Буџетот треба да биде донесен најдоцна до 31 декември годинава.

Пари за реализација на проекти од патната и железничката инфраструктура, за изградба на магистрални гасоводи и интерконективни гасоводи со Грција и со Косово, како и за здравство, за образование и за земјоделство, се предвидени во Предлог-буџетот за 2022 година. Обезбедени се и пари за редовна исплата на плати, пензии и социјални трансфери.

Планирани се и средства за исплата на субвенции во земјоделството, за поддршка на приватниот сектор, за спроведување на активните мерки за вработување, а ќе се зголемат и средствата што ќе ги добијат општините согласно реформата за унапредување на фискалната децентрализација. За здравствена заштита планирани се средства во износ од 36 милијарди денари кои во најголем дел се наменети за финансирање на здравствените услуги, мерките за заштита од ковид пандемијата и достапност на лековите за населението. Не се изоставени и здравствените работници кои ќе добијат зголемување на платите за што се предвидени 700 милиони денари.

Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари (3,885 милијарди евра) или 32 проценти од БДП, а приходите на 238,9 милијарди денари (4,4 милијарди евра) или 30,9 проценти од БДП. Вкупните приходи се за 7,4 проценти повисоки од 2021, а кај расходите има зголемување за 1,4 проценти во споредба со расходите во 2021 година, но тие се пониски како процент од БДП споредено со 2021 година.

Дефицитот е на ниво од 33,5 милијари денари (545 милиони евра) или 4,3 проценти од БДП, а стапката на инфлација е проектирана на 2,4 проценти и се очекува во втората половина од годината веќе да се намали притисокот предизвикан од енергетската криза.

Капиталните расходи се проектирани на ниво од 37,8 милијарди денари и се зголемени за 27 проценти во однос на 2021 година, а нивното учество во вкупните расходи е 14 проценти што претставува најголемо учество досега. Ова, според надлежните, е показател дека буџетот е развоен.

Проекциите за бруто инвестициите се дека тие ќе се зголемат за 8,5 проценти на реална основа, а потрошувачката за 3,1 процент. Се очекува да продолжи и трендот на зголемување на извозната активност на домашните компании која следната година би забележала раст од 8,3 проценти, а позитивни движења се очекуваат и на пазарот на труд каде бројот на вработени би бележел раст од 3,1 процент што би влијаело врз стапката на невработеност.

Буџетот е креиран врз основа на очекувањата за економските движења на глобално ниво, а посебно на Германија како наш најголем економски партнер. На глобално ниво се очекува следната година да се вратат стапките на раст од преткризното ниво. Растот на глобалната економија во 2021 година се очекува да достигне 5,9 проценти, а во 2022 година да изнесува 4,9 проценти, согласно октомвриските проекции на ММФ. За ЕУ, проектирана е стапка на раст од 5,1 процент за 2021 година и 4,4 роценти за 2022 година, додека за Германија како наш најзначаен трговски партнер се предвидува раст од 3,1 процент во 2021 и 4,6 проценти во 2022 година. 

Со седницата на Комисјата за финансирање и буџет ќе заседава Марија Петрушевска, заменичка на досегашниот претседател на Комисијата Тимчо Муцунски, кој беше избран за градоначалник на Општина Аеродром. 

буџет инфлација Македонија предлог приходи проекции Расходи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.