Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига: Азар го собори Сити и го поведе Челзи кон тронот

0
By Нова ТВ on April 6, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 6, 2017 02:15

Еден Азар направи разлика на „Стемфорд бриџ“ и го предводеше Челзи до голем триумф против Манчестер сити со 2:1 во дербито на 31 коло во Премиерлигата, а со тоа и до освојување на шампионската титула. Белгискиот репрезентативец ги постигна двата гола за лондонските „сини“ кои останаа на првото место на табелата со седум бода повеќе од Тотенхем.

Азар погоди во 10 минута, по асистенција на Аспиликуета, за 1:0, во 35 минута зголеми на 2:0, откако успеа сам да се коригира по промашениот удар од белата точка. Агеро беше стрелец на единствениот за „граѓаните“ во 26 минута.

Арсенал го порази Вест Хем со 3:0 и остана во игра за позициите што водат до Лигата на шампиони. Сите три гола „топчиите“ го прославија во второто полувреме. Победата ја најави Месут Езил во 58 минута, Тео Волкот се додаде во листата на стрелци во 68., а Жиру во 83. го постави конечниот резултат на „Емирати“.

Тотенхем беше пред пораз во Кардиф, но во финишот, сепак, успеа до пресврт и победа против Свонси со 3:1. Велшкиот премиерлигаш поведе во 11 минута преку Ратлиџ и одржуваше 1:0 до самиот финиш на средбата, но докрај не издржа. Али во 88 минута израмни на 1:1, Сон Хеунг Мин во втората минута од судиското продолжение направи пресврт што го потврди Ериксен две минути подоцна.

Фаворитска улога не правда Ливерпул кој пред своите гледачи одигра 2:2 против Борнмут. Набрзо по почетокот молк на „Енфилд“. Гостите поведоа со погодокот на Афобе во седмата минута, но на одмор се замина со нерешени 1:1 за што се погржи Коутињо во во 40 минута. „Црвените“ го свртеа резултатот во своја корист во 59 минута со голот на Ориги, а Кинг во 87 реализира за 2:2.

Премиерлига, 31 коло

Резултати

Челзи – Манчестер сити 2:1

Свонси – Тотенхем 1:3

Арсенал – Вест Хем 3:0

Ливерпул – Борнмут 2:2

Хал – Мидлсборо 4:2

Саутемптон – Кристал палас 3:1

Манчестер јунајтед – Евертон 1:1

Лестер – Сандерленд 2:0

Вотфорд – ВБА 2:0

Барнли – Стоук 1:0

Табела: Челзи 72 (-1), Тотенхем 65 (-1), Ливерпул 60, Манчестер сити 58 (-1), Арсенал 54 (-2), Манчестер јунајтед 54 (-2), Евертон 51, ВБА 44, Саутемптон 37 (-2), Вотфорд 37 (-1), Лестер 36 (-1), Стоук 36, Борнмут 35, Барнли 35, Вест Хем 33, Кристал палас 31 (-1), Хал 30, Свонси 28, Мидлсборо 23 (-1), Сандерленд 20.

Дерби Еден Азар Премиерлига фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.