Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига: Ливерпул, Сити и Арсенал си победија, Јунајтед не

0
By Нова ТВ on October 29, 2016 СПОРТ
Фото: thesun.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 29, 2016 20:42

Манчестер јунајтед останува без победа во Премиерлигата од 24 септември кога за последен пат освои три бода во дуеот со шампионот Лестер. Тимот од „Олд трафорд“ не успеа да ја прекине традицијата ниту денеска на домашен терен против Барнли. „Црвените ѓаволи“ одиграа 0:0 во натпревар во кои се заканија повеќе од 30 пати од кои 11 топки одеа во рамки на голот, но ниту една не влезе во него. СудијатаМарк Клатенбург му покажа црвен картон на Андре Ерера кон средината на второто полувреме, а пподоцна на трибини ги испрати и Жозе Мурињо.

Манчестер јунајтед е единствен од фаворитите за титулата во англиската Премиерлига што остана со половичен ефект во мечевите од денешната програма. Арсенал во пладневниот термин го совлада Сандеренд со 4:1 (по два гола постигнаа Санчез и Жиру), Манчестер сити беше уште поубедлив на гости кај ВБА ссо 4:0 (по два гола постигнаа Агуеро и Гундоган), а Ливерпул пред малку освои три бода на мегданот на Кристал палас со триумф од 4:2 (Кан, Ловрен, Матип и Фирмињо стрелци за тимот на Јирген Клоп).

Дербито на колото меѓу Тотенхем и Лестер заврши без победник 1:1.

Манчестер сити, Арсенал и Ливерпул се водечки три екипи во Премиерлигата со 23 бода. Тотенхем е сега четврти со 20 бода, Челзи е петти со 19, но „сините“ утре попладне ќе играат со Саутемптон на „Сент Мери“. Јунајтед е осми со 15 бода. Во наредното коло ќе патува во Кардиф на дуелот соо Свонси, а во меѓувреме, во четврток и во Истанбул каде ќе игра со Фенербахче во Лига Европа.

Премиерлига

Резултати, 10 коло

Кристал палас – Ливерпул 2:4

ВБА – Манчестер сити 0:4

Манчестер јунајтед – Барнли 0:0

Сандерленд – Арсенал 1:4

Тотенхем – Лестер 1:1

Вотфорд – Хал сити 1:0

Мидлсборо – Борнмут 2:0

Утре: Евертон – Вест Хем (14.30 ч.), Саутепмтон – Челзи (17 ч.)

Понеделник: Стоук – Свонси (21 ч.)

Табела: Манчестер сити 23, Арсенал 23, Ливерпул 23, Тотенхем 20, Челзи 19 (-1), Евертон 15 (-1), Вотфорд 15, Манчестер јунајтед 15, Саутемптон 13 (-1), Борнмут 12, Лестер 12, Кристал палас 11, Барнли 11, Мидлсборо 10, ВБА 10, Вест Хем 10 (-1), Стоук 9 (-1), Хал сити 7, Свонси 5 (-1), Сандерленд 2.

Арсенал Ливерпул Манчестер Јунајтед Манчестер Сити Премиерлига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.