Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига: Тотенхем шокиран, Манчестер С. на рутина

0
By Нова ТВ on August 25, 2019 СПОРТ
Фото: chroniclelive.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 25, 2019 21:14

Европскиот вицешампион Тотенхем беше непријатно изненаден од Њукасл во третото коло во Премиерлигата. „Црно-белите“ од англискиот североисток славеа во Лондон со 1:0 со голот на 44 милиони „тешкото“ засилување Жоелингтон. Длабочинска топка од Кристијан Атсу и катастрофална реакција на одбраната на „спарси“ му претходно на прецизниот удар на бразилскиот интернационалец за прва победа во сезоната на популарните „страчки“ од „Сент Џејмс парк“.

И покрај засилувањата во летниот период и фактот дека е почеток на сезоната, сепак, киксеви како денешниот, па уште и на домашен терен, се недозволиви за составот на Маурисио Покетино во трката по шампионскиот трофеј со Манчестер сити и со Ливерпул. Таквата мисија ќе биде дополнително отежната и со бледи изданија на Хари Кејн како што беше случај попладнево.

Манчестер сити, пак, без потешкотии го реши Борнмут. Најголеми заслуги за нивниот рутински триумф на стадионот „Виталити“ имаше Серхио Агуеро, стрелец на два гола во 15. минута и во 64. минута, третиот за „граѓаните“ го постигна Рахим Стерлинг во 43. минута. Почесниот за домашните беше дело на Велшанецот Хари Вилсон во последните моменти од првиот дел.

Премиерлига, 3 коло

Тотенхем – Њукасл 0:1

Вулверхемптон – Барнли 1:1

Борнмут – Манчестер сити 1:3

Ливерпул – Арсенал 3:1

Вотфорд – Вест Хем 1:3

Шефилд јунајтед – Лестер 1:2

Манчестер јунајтед – Кристал Палас 1:2

Брајтон – Саутемптон 0:2

Норич – Челзи 2:3

Астон Вила – Евертон 2:0

Табела: Ливерпул 9, Манчестер сити 7, Арсенал 6, Лестер 5, Манчестер јунајтед 4, Барнли 4, Тотенхем 4, Брајтон 4, Шефилд јунајтед 4, Кристал Палас 4, Борнмут 4, Евертон 4, Челзи 4, Весте Хем 4, Вулверхемптон 3, Астон Вила 3, Норич 3, Саутемптон 3, Њукасл 3, Вотфорд 0.

Манчестер Сити Премиерлига Тотенхем фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.